(Интервју) Валја: „Македонската публика е исклучително емоционална“
Попфолк дивата Валја, е нашиот нов гостин оваа сезона. Талентираната пејачка во соседна Бугарија важи за една од најпознатите изведувачки на попфолк песни, но и на народни . Има силен глас што ѝ овозможува да пее разновидни музички стилови. Во ексклузивното интервју кое ни го даде, ќе научите зошто Македонија за неа има посебно значење, дали е задоволна во кој правец се развива музичкиот бизнис, подготвува ли нова песна, какво е чувството да си мајка, сопруга и пејачка во ист момент, како и уште многу интересни детали сврзани околу нејзиниот живот.
Здраво, Валја. Чест и задоволство е што ја прифати нашата покана да ни дадеш интервју. Сигурна сум дека сте добро познати на македонската публика, имено според вашата професионалност, дисциплина, талент, но и од уникатните хитови песни. Имено, исто така имаш учествувано на фестивалот "Охридски трубадури" во 2008 година. Кои спомени ги пазиш од тогаш?
На сите фестивали на кои сум била насекаде, а се сврзани со мојата професионална работа, сум носела и продолжувма да си носам само убави спомени, пред сѐ од контактот со публиката, како моите песни дејствуваат врз луѓето, односно нивното позитивно дејствување. Секогаш каде и да сум била, си тргнувам со неверојатни спомени кои ме топлат, ме развиваат како творец и ми даваат сила и желба да правам сѐ подобри и поубави песни. Луѓето, односно публиката ако имаат претстава колку многу ми даваат енергија и ме полнат со позитивни работи, ќе сфтаат дека музиката мене ме развива како човек како пејач, како личност. За кое искрено им благодарам.
Се сеќавам дека во 2009 година склучи брак во Охрид, а Неда Украден лично беше меѓу гостите на вашата прослава. Зошто ја одбра нашата земја за таков важен момент во твојот живот?
Јас не ја избрав (се смее), едноставно бев на одмор кај вас и дури не ни знаев што ме очекува, дека ќе се омажам. Тоа воопшто не беше во моите планови. Јас бев изненадена. Тоа е вистината. Знаев само дека ќе одам на фестивалот „Охридски трубадури“ тоа беше мојата цел, да се претставам со една убава песна на Копров, за која му благодарам. Затоа што таа авторска песна ја пеам во Бугарија и ја прифаќаат многу добро. Таа е со поп елементи , поразлична од тоа кое јас го пејам. Но, луѓето од поп музиката ја прифатија и тие ја ценат многу. Така да, за мене сѐ беше изненадување. И Македонија стана една сентиментална земја за мене.
На сцената си повеќе од 17 години. Како се промени музичкиот живот и бизнисот во Бугарија во текот на овој период?
Се разви позитивно и не толку многу позитивно. Позитивно се развиви музиката како креативност, зборувам за визуелна гледна точка, се користат сегапомодерни ноти, некои се со примеси и од светската сцена , не само од европејската. Тоа многу ми се допадна и покажува дека музиката се развива со многу брзо темпо, вртоглаво. Но, негативното за мене во музиката во последните неколку години од музичкиот бизнис е дека се изгуби емоцијата кај песните, вистинитоста, едноставно сега се прават песни брзо, се натрупуват и се губат, онаа која е позразлична ќе се истакне, но да се истакне сред маса од не толку многу квалитетни продукти е многу мала. Затоа што постојано се трупат од некоја извесна музичка формација. Пред неколку години не беше така и на светски план, ако се погледне имаше песни кои се слушаат од 90-те години и тие не беа правени да звучат толку многу модерно, но се толку мелодични, емоционални и нема начин тие да не останат во нечија душа. Исто така , сега песните не носат спомени, а само пред десет години песните ги имаа своите спомени, луѓето се пронаѓаа во нив, а сега сѐ поминува и колку да е модерно и актуелно, луѓето не ги прифаќат толку многу, затоа што тие се возбудуваат од емоциите и другите сентиментални работи, тоа е она што ми недостасува, душевноста во музиката.
Тогаш песните си имаа свој индивудален облик и неможеше да ја помешаш една песна со друга.
Точно така, а сега како еден изведувач да направил десет кавари на една песна. И сѐ е прашање на вкус, која тебе тие е подобра, согласно моменталното расположение. А, оние песни кои се емоционални, си остануваат во времето. Сите тогаш беа многу добри, штом ги памтиш и се сеќаваш за нивните песни. Сега исто така има песни и луѓе кои се истакнуваат, но веројатноста тоа да се случи е многу помала.
На крајот на летото ја претстави својата песна "Наранявай". Дали сте задоволни од нејзиниот успех досега?
Јас секогаш сум задоволна од тоа кое го правам, затоа што го правам навистина од срце и доста избрано. Гледам да е нешто стилно зз да остане во времето, да одговора на музичките тенденции. Секогаш има што уште да се посака, но најважно е дека песната се пее, луѓето ја знаат, која е дури и кој е нејзиниот изведувач, затоа што во денешно време се развиваат многу песни од разни имиња и се радувам што луѓето не не заборават , постојано ги потсетувам за себе си и никогаш не се наметнувам.
Сподели пред извесно време, дека сите песни кои ги запишуваш, се израз на настани, сврзани лично со тебе или со животот на твои блиски пријатели.
Точно така е, не можам да испејам нешто или некоја тема која на мене самата не ме трогнала. Нема како тоа чувство да го пренесам на публиката. Едноствано не можам инаку да ги натерам луѓето да поверуваат .Ние сме актери, но сепак пред сѐ сме луѓе и го доживуваме сето тоа кое еден нормален човек го доживува. Тоа е нормално да пренесам настани или драми во животот кои се случуваат на нас или на наши пријатели. Сѐ е нешто што ми се случило мене лично и ме трогнало или на пријатели.
Подготвуваш ли нови песни во моментов?
Да, подготувам нови песни. Едната песна е за празник и се надевам да остане во времето. Неколку години наназад сум ја замислувала и добив доста добри предлози од композитри, но на крајот ќе биде по моја музика и Димче Белев ми помогна да ја разбработам темата на песната, а Митко го направи аранжаманот кој преубави звучи и се надевам да остане во времето.Тоа нема да е комерционална песна и сакам што побрзо да ја пуштам на пазарот. Дај боже тоа да се случи.
Да, очекуваме ли наскоро нов попфолк албум од тебе?
Ами јас веќе имам фолкорни песни, за цел албум. Прашање на време е кога ќе го издадам. Ако се најдат добри спонзори, одма ќе го направам. Инаку имам песни одамна за цел албум и за фолкорен и за попфолк.
И покрај тоа што си попфолк пејачка, од неодамна се фокусираше на фолклорните песни и настапи кои направија значителен успех меѓу твоите фанови. Дали транзицијата од попфолк во фолклорот е лесна?
Јас не го гледам како преод, затоа што попфолкот секогаш има елементи од народната музика од нашиот фолкор. И не ми беше толку тешко. Можеби тешко беше во почетокот, кога луѓето не можеа да сфатат дека целата програма на настапот ќе биде само со фолкорни песни и ме прашуваа, дури и ги молеа дури бев на концерти градоначалниците да им испеам и две, три песни од моите популарни хитови. Секогаш тоа го правам со живо пеење, но во никој случпај не ми е тешко затоа што има празници на градови или села, каде што луѓето сакаат и слушаат само исклучиво народна музика. Јас сум опколена со таква тракиска музика. Моите родители се музичари и многу добро ја исполнувам. Не мислам дека правам нешто лошо и во никој случај , дури придонесувам да се развива фолкорната музика, и кога моите настапи се радуваат на голем успех, се радувам и јас дека сум ги претставила по „Планета Фолк“ во еден така добар подбран вкус. Посебно ме радуваат и признанијата од специјалисти – музичари во таа област. Едноставно сметам дека добро им ги пренесувам на луѓето.
Дали сметаш дека музиката е главно за забавна на луѓето или има друга функција?
Зависи кој како гледа на работите. За мене лично е за забава. Убавата, позитивна музика сметам дека е за тоа, да те радува, да предизвика мисли во тебе самата, да те натера да размислуваш, да ги преиспиташ некои спомени, чувства, да те натера да се пронајдиш длабоко во душата, нешто што одамна не излегло на површина и во јавност. За некои други можеби музиката е нешто друго, за мене таа е добро средство за забава и релакс, еден вид пасивна релаксација. Тоа го внесувам во песните и затоа можи така им дејствувам на луѓето. И кога ќе ме видат, ја очекуваат да ја видат Валја насмена, такви чувства внесувам јас во песните. Но, да ли е само за забава, зависи како некои размислуваат, како песните дејствуваат врз тебе самиот, врз другите изведувачи, но тоа се други работи и подлабоки теми. Музиката има длабока смисла, зависи како ја гледаш и каква личност си, каква смисла има таа за тебе.
Пред неколку години ја напушти фирма „ Пайнер“, а потоа повторно се приклучи кон нивниот каталог. Што го испровоцира тогаш, тоа твое решение?
Тоа беше толку одамна што не си ни спомнувам самата причина , но најважно е дека луѓето ме запомнија дека јас сум сите години во Пајнер, а негативното нешто е што и запомнија дека сум ја напуштила компанијата. Кое ме наведува да мислам дека луѓето ги интересираат негативните работи, а јас сметам дека не сум негативен човек и тоа не придонесува да се чувствувам добро. Едноставно, сум решила на некој начин да да се развивам во друга насока, но порано или подоцна, секоја решава во каква насока да се развива.Нели, да ќе биде сам продуцент или не. Затоа сум решила дека тоа не ок за мене и пак сум се вратила. И пак сум имала и имам пријатни односи со г-дин Димитров, пријателски и колегијални, јавно во „Пайнер“ ми е најдобро.
Во последниве години отсуствуваш од концертите на „Пайнер“ и покрај силните песни. Фановите на жанрот го коментираат овој факт низ интернет пространството и негодуваат. На што се должи на тоа? Дали намерно бегаш од овие настани?
Јас никогаш не бегам умислено од нешто за кое сум создадена. Создадена сум за да пејам и сум се докажала во времето , со својата кариера, со песните во „Пайнер“. Дека сум со квалитет, со добар глас и со добри песни кои останале во времето. Сметам дека на секоја јавна изјава од „Пайнер“ јас треба да бидам таму. Тоа е мое мислење, како и мислењето на моите фанови. Тоа зошто не сум на концертите на „Пайнер“, мислам дека треба да го прашате г-дин Димитров или управата, тоа не е моја желба. Јас сум таму каде пто сум посакувана. Самиот факт што бев на концертот на Миле Китич, само зборува по себе. Еден човек кој никогаш немал договор со мене, сам процени дека заслужувам да бидам на едно место заедно со него, на една голема сцена во Арена Армеец, за кое секој изведувач може да фантазира. Другото го оставам на вас сами да отцените. Очигледно е дека некој отценил дека местото не ми е таму. Тоа не го решавам јас.
Но, покрај тоа си посакуван изведувач на концертите на Миле Китиќ, Шабан Шаулиќ и Весна Змијанац.
Да.
Освен пејачка, ти си и прекрасна мајка. Како ги распределуваш грижите за твојата ќерка Марија ипрофесионалните обврски?
Успевам во сѐ навистина. Затоа што сум да кажам мултифункционална, таква ми е природата. Да бидам на сто места истовремено. Со добра организација на времето, луѓето и бабите кои се околу мене ми помагаат, и многу му благодарам на семејството, затоа што без нив немаше да се справам. Немаше да имам време ни за косата (се смее). Едноставно го организирав времето да можам да обрнам внимание на детето, дури и предавам и по англиски јазик, затоа што сум со него на многу добро ниво и се разбира понекогаш имам пропусти, но сепак и јас сум човек, ќе се изморам. Но, навистина се трудам да бидам насекаде. Да бидам добра мајка, да сум добра на сцената, да изгледам добро, да можам да тренирам за да им се допаднам на моите фанови, да сум со млад дух , во едно здраво тело.
Има ли чувство на љубомора од страна на детето и вашиот сопруг поради долгите отсуства при патувањата?
Не, не се љубоморни. Тие се гордеат со мене.Се љубоморни само луѓето кои имаат комплекси. Тие кои знаат што се, тие никогаш не им љубоморат на другите,можат само да се гордеат со себе, а тие тоа го прават бескрајно.
Исто така, наскоро започна свој туристички бизнис. Како успевам да најдеш време за тоа и покрај толку многу обврски?
Имам луѓе за сѐ. Кога им плаќаш на луѓето да работат и тие се лојални, работите одат добро. Едноставно, не можам јас да бидам насекаде за сѐ секогаш. Но, знам како да се организирам со моето семејство и тие да тргнат напоред. И сум горда што на 1.700 метри надморска височина луѓето можат да се радуваат, на еден чист воздух, на една убава и романтична атмосфера, и истовремено се пуштат мои песни и играат ора (се смее) таму кај боровите. Кога ќе разберат дека сум сопственичка се многу пријатно изненадени и ми праќаат поздрави. Јас од своја страна знам како да им направам комплимент, со самиот ресторант. Тоа ме прави бескрајно среќна.
Во последно време има многу реални формати. Дали ќе се вклучиш во некој во иднина?
Да, сум имала дури и предлози. Но, досега работите беа дека ми предложувале и јас сум им откажувала . На времето Рајна кога влезе во Big Brother, таа влезе на мое место пред неколку години. Сметав дека местото тогаш не ми е таму. Зависи сѐ сега од предложението и што ќе ми предложат. За мене популарноста не е на секоја цена, секогаш ги отценувам добро работите, плусовите и минусите, односно што е добро за мене во даден момент и така се гледам според приоритетите.
Ти благодариме за одделеното време. Каква е твојата порака до македонските читатели?
Македонската публика е исклучително емоционална. Настапите кои ми беа таму, сѐ едни од најзапамтените и луѓето - Македонците умеат да ги ценат изведувачите кои пејат на живо, тие пејат со цело грло и од срце. Тоа е нешто неверојатно. За нив, нема значење колку години си пејачка, колку си убава или колку килограми си. Најважното е што можеш , за еден изведувач да биде отценен. И им посакувам се најубаво.
Автор - Наташа Секуловска
No comments