Header Ads

(Видео) Погледнете го вториот дует на Алисија и Илијан - „За последно“

Алисија и Илијан го претставија својот втор дует „За последно“, кој утре ќе биде промовиран и на живо пред публиката во Пловдив, на големиот концерт на телевизија „Планета“.

„За последно“ е по музика и аранжман на Боби Павлов, додека пак силниот текст е на поетесата Мариета Ангелова. Режисер на видеото е Људмил Иларионов – Љуси, кој и овој пат се потруди да претстави љубовна приказна, во која лесно ќе се препознаат дел од луѓето.

По тој повод, за изборот на подраматичниот текст на музичкото парче, пејачката сподели дека таа имала впечаток дека луѓето, сакаат песни во кои се препознаваат, затоа што секој живот е по малку драматичен. Оние на кои им е забавно и весело, не обрнуваат многу внимание на текстот, но кога ќе ти стане тажно, секогаш сакаш да најдиш нешто во што ќе се препознаеш. Исто така дополнувајќи дека вториот им дует настанал спонтанно,  бидејќи имале успех со првиот и се претворил во вистински хит.


Во прилог погледнете ја песната, а дали ви се допаѓа и на вас, ќе научиме од вашите коментари.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.