Header Ads

Цветелина Јанева: „Не е лесно да си мајка“

Бугарската пејачка Цветелина Јанева, која за првпат стана мајка во август оваа година, беше една од многубројните гости на свадбата на  нејзиниот колега Фики Стораро, каде што се сретна со многу пријатели и колеги, а вооедно се појави и во јавноста за прв пат, откако стана мајка и се повлече од музичката сцена.

"Во моментот и јас многу „лутам“, обидувајќи се да го дадам најдоброто  на бебето и да продолжам да учам, можеби најтешко од сѐ ми е доењето, бидејќи тоа е по часови и е заморно. Жените кои се доилки знаат", сподели таа пред емисијата "Папараци".


Во моментов, таа е целосно посветена на својот син, но не се откажува од музичката кариера, изјавувајќи како што пренесовме пред извесен период дека подготвува нова песна, за која се надева да излези до крајот на оваа година. 


Автор - Наташа Секуловска
Фото - Instagram 

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.