Header Ads

(Фото) Глорија блеска во својата нова фотосесија


Глорија која во соседна Бугарија, но и низ цела Европа е запазена марка за висок квалитет и одлична музика, благодарение на својот талент, овие денови ги израдува своите фанови и со нова фотосесија, која е дело на познатиот фотограф Костадин Крстев – Коко.

„Не гледај назад, не си тргнал натаму“ – гласи едно од мотото, кое беше споделено над еден од кадрите во социјалните мрежи, кои веднаш предизвикаа позитивни коментари, пред сѐ за одличниот стајлинг и перфектната фигура која ја демонстираше атрактивната пејачка.

Во меѓувреме, Глорија откако се врати од Лондон, каде што изнесе свој концерт пред публиката таму, се подготвува и за својот божиќен концерт во град Русе (Бугарија), кој ќе се одржи на 14 декември, а на сцената во салата „Канев Центар“ , покрај неа учество ќе земи и нејзината ќерка Симона Загорова, како и КУД „Етноритам“ и балетот Fame.
„Бескрајно многу  ја сакам народната музика, затоа паралелно со попфолк песните кои ги создавам, не заборавам да го збогатам и својот народен репертоар. Сум испеала многу убави песни во нов варијант, меѓу кои и „Белите манастири“, „Ах, каде е моето либе“ и други,  и  благодарение на публиката ги чуствувам како моја запазена марка. Имам и авторски народни песни, како што се „Всеки си плаща“ и “Пътеки“, за кој сум среќна дека се примаат “ – искрена е пејачката.


Автор - Наташа Секуловска
Фото - Костадин Крстев - Коко

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.