(Видео) Веселина со нова народна песна „Да се е чуло“
Веселина го претстави својот нов народен видеоспот, кој е
кон песната „Да се е чуло“, која е добро позната на љубителите на бугарската
народна тракиска музика. Овој пат за нејзиниот аранжман се погрижи Виктор
Јорданов – Кардама, додека пак видеоспотот е дело на Ненчо Касамов и е сниман
во градот Благоевград.
"Ја знам оваа песна долго време, па сакав да ја снимам
и да и направам и видеоспот. Ја сакам нашата фолклорна музика и секоја година
се обидувам да им понудам на моите
обожаватели песни во моја изведба!", сподели Веселина.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Diapason Records
No comments