Джена ќе ја одбележи својата 10-годишна кариера со два нови албуми!
Ексклузивно ви откриваме
дека бугарската пејачка Джена подготвува два нови музички албуми, кои ќе излезат
до крајот на оваа година, по повод нејзината десетгодишна музичка кариера.
Актуелниот и хит “Да ти
бъда корона” го дава насловот на нејзиниот нов попфолк албум, во кој нејзините
фанови ќе откријат десет нови песни од
последните три години, после појавата на последниот и албум „Моли се да не почна“.
Конечно, на пазарот ќе
се појави и долгоочекуваниот народен албум “Срещна ни хорото”, кој е во
соработка со познатиот оркестар „Канарите“. Повеќе песни им се добро познати на публиката, затоа што се дуети на
Джена и нејзиниот сопруг – Атанас Стоев и беа претставени минатата година со
посебна празнична програма, по повод новогодишните празници.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв
No comments