Интервју: Нелина: „Очекувајте многу изненадувања од мене овој месец, меѓу кои и нова песна и видеоспот“
1 октомври е денот посветен на музиката. По тој повод, за
прв пат бугарската пејачка Нелина, позната како „Жената-глас“, зад себе со
повеќе од 20 годишна музичка кариера, многубројни песни, албуми и награди, даде
ексклузивно интервју за македонски медиум. Од него ќе научите љубопитни работи
сврзани со почетокот на нејзината кариера, работи сврзани околу најновиот и
народен албум, како и тоа дали подготвува нова попфолк песна. Каква е всушност
Нелина кога не е под светлината на рефлекторите, ќе дознаете доколку го
прочитате интервјуто.
Здраво Нелина. Твоето име веќе 20 години е едно од водечките имиња во
попфолкот, но исто така и во народната музика, и те определуваат како
"жена-глас". За македонската публика, подобро да ве запознае, ќе ни раскажете
ли нешто повеќе за почетокот на вашата музичка кариера во 1994 година?
Здраво. Ви благодарам. Многу се радувам што давам
интервју за прв пат за македонски медиум и благодарам за убавите зборови кои ги
кажавте по моја адреса. На почетокот на мојата кариера, дури и порано, ја
започнав во мојот роден крај Русе да пеам со народни групи и оркестри и тоа
исклучиво само народна музика, и всушност голем дел од репертоарот ни беше од
македонски песни, кои и до ден денешен од нив продолжувам да ги пејам. Како „Брала
мома къпини“,„Цветините очи, черешови“, а многу брзо додадов и едни многу сакани
македонски песни во репертоарот како „Алени ѕвезди“,„Пиринска младост“ и
продолжувам да ја сакам тој прекрасен македонски стил и да работам врз песни и
од таа фолкорна област. Првите години исполнував исклучиво само народна музика.
После тоа имав турнеи во странство, каде што се наметна да научам српски, грчки
и така постепено се запознавав и со други балкански музики кои после тоа ги
додадов во својот репертоар. И така 1993 и 1994 година со формацијата
„Фаворити“ ги издадовме првите два албуми, од кои вториот беше со „Пајнер“. Мои
најпознати песни од тие албуми се „Кукувица“ – која е превод на големата песна
на Цеца, и другата убава македонска песна „Има ли Господ на таа земја“. Таа е
песна која пак до ден денешен наоѓа добар одѕив во срцата на моите фанови и
дури сега ми ја порачуваат да ја исполнувам. Се радувам што и во новиот албум
имав можност да испеам песни речиси од сите фолкорни области од страната. Затоа
што јас сум исполнител кој не сака да се ограничува во даден стил и како што
вие знаете работам во попфолкот и во различни фолкорни области на народната
музика, затоа што тоа ми претставува задоволство и се разбира им се допаѓа на
публиката, и немаше да продолжам да го правам до ден денешен.
Твоето прво посериозно појавување беше на фестивалот
"Пирин фолк" во 1998 година, каде што ја претстави песната "След
разделата", а истата година го издаде својот прв албум со музичката
компанија Payner - "Душата ми". Какви спомени имаш од тој период?
Оваа година ќе се навршат 20 години од тогаш. Сцената на
„Пирин фолк“ беше клучна за големиот дел од бугарските пејачи и колку што знам
и за вашите исполнители исто така. Веќе сега тој балкански фестивал е отворен и
за други страни што е прекрасно. Едноставно границите пашаат и е убаво што
музиката продолжува се повеќе да ги обединува народите, бидејќи тоа е и
нејзината функција, да носи задоволство на луѓето и да и се радуваат. „Пирин
фолк“ навистина има дел од мојата биографија, затоа што таму ми беа првите
средби со големите исполнители, со значајните автори на песни и таму започнав
со едни од моите најубави песни, кои што сум ги испеала досега, како песната
„След разделбата“, која и досега продолжува да ја сакаат фановите, потоа „ Завръщане“
исто така една убава песна, а пак 2006 година беше и мојата најголема награда
на тој фестивал. Можам да кажам дека песните кои сум ги испеала на тој
фестивал, фестивал кој беше една голема институција на времето и до ден денешен
се пазат во срцето на фановите на убавата македонска музика, кое што многу ме
радува. Со „Пајнер“ работам веќе 20 години и низ годините сме имале многу
лутања, трчања во различни насоки, затоа што знаете пазарот се променува, но е
факт дека и до денес продолжуваме да
работиме, на двата фронта и во попфолкот и во народната музика, кое е за мене
големо задоволство и чест.
Денес се појавуваат многу млади пејачи, дали би му
помогнала на некој да се пробие во светот на музиката?
Толку многу години сме сведоци, дека постојано се
појавуваат нови и талентирани имиња, кои што пазарот ги прифати и навистина се
талентирани. Но, не само тоа. Треба да бидат многу чести, упорни за да успеат во овој живот и успеваат.
Голем дел од тие нови имиња отпаѓаат,
првата причина е дека не се готови уште за големиот пазар, во смисла тоа да
станеш познат пејач, не е доволно само да си пееш убаво, ти треба менаџер и да
знаеш да осетиш во кој правец се движи пазарот во моментот и каде е твоето
место. Бидејќи мислам дека имињата кои што толку многу години сме останале
познати и сеуште работиме, на некој начин сме се пронашле и слободно можеш да
кажеш „ете тој исполнител ја исполнува таа песна“, треба да се има сопствено
лице, карактер и продуцент. По можност најдобриот како што е кај нас во
случајот. Иначе не знам како би можела да им помогнам. Се е очигледно. Првиот совет
е кон улениците да си го завршат училиштето со одлична оценка, затоа што е
задолжителен старт во животот после другото. Музиката ако во тој период им е
хоби и ако некој има некои други намери, сака да продолжи професионално и
понатаму, има музички училишта. Сметам дека тоа се местата, акде што најдобро
би можеле да се подготват за идни исполнители.
Јас сметам дека сепак си помогнувала,на пример ете на
Близанците и тоа токму таква беше твојата помош.
Сметам дека и јас сум имала такви мигови и сум помогнувала.Таквите
работи не ги бројам, само здравје, понекогаш во такви моменти сум и пружала помош -
сам човек е за никаде. Понекогаш пак, пак почек сака, па не може, другпат може,
ама нема желба, значи имало и такви случаи во животот. Човек треба да има среќа
во овој живот. Посакувам среќа на вистинските талентирани, млади луѓе кои
сакаат да го најдат своето место на пазарот во денешно време, но доста е тешко
затоа што има многу исклучително талентирани момчиња и девојчиња и е потребна
голема доза среќа, да работат со најдобрите и да имаат продуцент зад грбот
задолжително.
Имаш издадено повеќе албуми - и попфолк и фолклор. Кој е
твојот впечаток - дали луѓето купуваат повеќе албуми, не е ли веќе се во
интернет пространството?
Како што сите знаеме, се е во интернетот. Не е она што
беше во 90-те години кога еден албум се издаваше во илјадници примероци. Сега
работите се други. Во денешно време, да не кажувам веќе албумите се иживеано
нешто, но сепак се и нешто кое е исклучиво важно за вистинските ценители. Нажалост,
така е само во Бугарија, затоа што во целиот свет албумите се продаваат и тоа
за многу добри цени. Знаеме дека на запад, ако луѓето издадат само еден хит или
еден албум, од продажбата можат да си живеат цел живот, а кај нас не е така и
нажалост не сме во тој правец.
Според тебе, има ли враќање на интересот на младите кон народната
музика, имено се слуша ли таа повеќе сега од нив за разлика од минатите години?
Јас мислам дека тоа враќање е од пред 5, 6 години што
страшно многу ме радува и озбилно заживеа интересот кон народната музика. Факт е
дека како што се вели луѓето сега имаат поголеми можности за разлика од порано,
кога само одеа доцна ноќе по дискотеки, а во денешно време сакаат да одат и
народни ора и тоа станува се популарно т.е нема граници и не може да се каже
дека нешто е иживеано или е „де моде“, напротив сите го оценуваат,особено во
странство, каде што работите таму си ја наоѓаат својата вистинска вредност,
имено таму повеќе се цени бугарскииот фолкор, бугарските ора и слично. Мои познати
кои живеат таму децата ги носат на играорна, а овде никој од тие што ги знам не
ги носат, освен некои додека им се мали децата. Како што кога едно време бевме
ние мали и бабите не водеа на игранки, каде што се пееше народна музика. И така
мислам дека денешниве баби се многу помлади, работат и ги немаат тие можности. Но, сепак има баби
кои ги водат со задоволство нивните внуци на играорни, на народно пеење, на
фестивали кои се организираат низ целата
страна и сведок сум како децата од најмала возраст од 2-3 години, на „Рожен“ на
пример идат облечени во народни носии, танцуваат и ги знаат песните. Тоа е
најважното, од почеток да се опружни со народната музика и дека тоа е начинот
на кој што може да се пренесе нашата традиција низ генерациите.
Избра многу интересен наслов за новиот ти албум "За верни приятели". Колку време го
подготвуваше и се задоволува ли си со крајниот резултат?
Се радувам дека ви се допадна насловот, кој се роди
сосема спонтано, со една песна која во почетокот на оваа година во топ листата
на Signal.bg со песната „Слънцето трепти“, која беше од страна на слушателите
избрана за песна на годината, што за мене беше големо изненадување и толку
многу се израдував што и ме инспирира да напишам песна како благодарност кон
фановите, кои што толку многу години ме подржуваат и навистина најважното нешто
за еден пејач е луѓето да го сакаат и да им се допаѓа тоа што го прави, затоа
што секој има силни и не толку силни
песни. Јас низ сите тие години сум ја осетила нивната подршка, за што сум им бескрајно
благодарна. Песната „ За верни приятели“ беше точно резултат од таа среќа која
тие ја предизвикаа кај мене. Откако ги прегледавме песните од албумот, за оваа
песна разгледавме уште една или две други варијанти, и се одлучивме токму за
оваа. Сепак таа песна е авторска, сакам да напоменам дека композитор е Красимир
Христов, а текстописец Димитар Милев. Јас таа песна ја направив за моите фанови.
Многу сум среќна дека низ последните години, авторските песни на народна основа
кои ги создадовме со многу талентирани композитори и текстописици, го најдоа
своето место во срцата на луѓето и се повеќе народните песни се бараат на моите
концерти и задолжително ги пеам. Тие песни се веќе "За верни приятели“ од
поновите песни, па „Чорбаџи Иван“ која е емблема во мојот репертоар и е исто
така авторска. А, во новиот албум има 3 авторни и 10 народни песни. Потоа "Българийо,
ти майко свята" е исто така авторска песна, која беше подзаборавена,
речиси непозната на младите луѓе затоа што немашевидеореализација. Но,
постојано се оптоварува пазарот со нова продукција и најубавото не го гледаш,
ни пак слушаш. Повторно благодарност до моите фанови кои ми ја дадоја идејата
да ја презапишам таа песна која ја немав слушнато е на Соња Балевска, а прв пат ја запишав лани
и излезе на 22 септември. Во последно време ги завршувам со таа песна моите
настапи, едноставно луѓето стануваат на нозе им делува како химна и прекрасно е
чуството што ја пејам таа песна на моите настапи. Се радувам што на луѓето им се допадна моето исполнување, кое
е малку поразлично, посовремено, со аранжман на Митко Петров и кога човек
работи со талентирана екипа, работите испаѓаат добро.
Песните “Любе, Любе, първо Любе”, “Ходила Яна” , “Дай,
кръчмарю” и “Тръгнала е Йова, Йовке ле” излегоја пред неколку дена со прекрасни
видеозаписи. Со која екипа работеше овој пат за нивните реализации и на кои
места снимавте?
Тоа беа последните песни кои ги снимивме од тој албум. Снимките
ги направивме во близина на Правец, Осиковска Лакавица се вика селото, каде што
со режисерот Радослав Георгиев ги снимивме песните, а малку пред тоа со мои
пријатели бев таму на посета. Навистина прекрасно место во природата, со чист
воздух, со мили и гостопримливи луѓе и додека бев си реков зошто да не земеме
да снимаме тука, во таа прекрасна убавина, за кои се надевам дека им се
допаднаа на фановите. За жал имавме малку време, а имаше уште многу што да се
покаже, но го запазуваме правото во иднина да ги уважиме. За нас беше навистина
пријатно доживување. Толку многу беа топли луѓето, пријателски расположени и се
вклучуваа од срце, за нив беше вистинско задоволство и голема атракција да земат настап во снимањето.
Во твојот богат репертоар исполнуваш фолклор од различни фолклорни подрачја на
Бугарија, авторски фолклор, популарни и сакани песни, бугарски поп, балкански,
грчки, српски и руски песни, но дали имаш омилена македонска песна?
Во моментов се сеќавам за „Мојот роден крај, рајска
градина, тешка е со тебе нашата разделба“. И да ви раскажам една една
интересна приказна за македонската песна „Зошто си ме мајко родила“. Една вечер
во август месец се враќаме кај еден часот после полноќ, со една моја пријателка
, расположени убаво помина концерот, јас возев, го имав отворено прозорецот од
колата и си ја пеам песната на цел глас, си се занесов и додека сме зборувале
сме влегле во населено место, јас си продолжувам со истото и кога не застанаа ме погледнаа и ми викаат „дај ајде оди“... (се
смее.
Која ти е најомилената твоја песна, која си ја преживеала
и те тера да си емоционална?
На песната "Българийо, ти майко свята" ми се
случувало да се расплачам и д ави кажам искрено, без разлика на реакциите на
луѓето. На еден неодамнешен концерт кога
ги запев првите стихови од песната, целаат публика стана на нозе, јас
едноставно се наежив и очите ми се исполнија со солзи. Таквите мигови едноставно се големи во животот на еден
пејач. Тоа е нешто заради што еден човек треба да живее, тоа е смислата на
мојот живот во моментот.
Во летото ја пушти песната „Код червено“. Подготвуваш ли
нова песна за новата сезона?
Да, ја снимив веќе и во моментот ја монтираме. Така
да октомври месец, сум подготвила многу изненадувања за моите фанови.
Минатата година ти беше многу успешни, пушти песни кои ќе
останат во времето, пред сè баладата „От щастието най-боли“. Кажи ни како се
роди идејата да ја запишеш, затоа што сум сигурна дека нема човек кој не ја
слушнал, а не заплакал.
Тоа е другата песна на која луѓето полудуваат. На крајот
на настапите кога луѓето полудуваат и сакаат уште некое брзо парче, јас ја
исполнувам баладата. Но, иако е бавна песна и мислиш дека со таквите паѓа
расположението, напротив тие се повеќе се забавуваат. На последната свадба, каде
што настапив половина од гостите се собраа околу мене, се фатија за раце и
имаше едно такво уважување, едноставно во тој миг како да не газев по земјата,
а по облаците. Благодарности до писателката Анастасија Мавродиева и
композитрото Николај Пашев, кои ја направија таа балада која ќе остани во
времето. За мене тие се одлични автори,
со кои ќе продолжам да работам и во иднина, затоа што сум задоволна од крајниот
резултат. Си одговараме одлично, а кога некои си одговаар одлично и се
надополнуваат, се со едни исти емоции, нема поубаво нешто од тоа и работите
одат како по вода.
Како сакаш да го поминуваш слободното време кога немаш
работа?
Кога човек бара и наоѓа време за се. Малку работа, малку
одмор. Оваа година доста многу патував и во еден момент си викам дека нема лошо
во тоа, затоа што сакам да патувам. Секогаш одам на нови дестинации, каде што
има нови луѓе , да се наполнам со енергија, нешто ново да видам и да научам,
иако има на земјата уште места каде што не сум била. Пред некој ден зборував со
мојата соседтка и таа ме праша дали сум била на Скандинавските острови и реков
дека не, уште таму и во Азија, но има време животот е пред нас.
Каква личност е всушност Нелина, кога не е под светлината
на рефлекторите?
Јас не сакам да сум центар на внимание, кога не сум под
светлината на рефлекторите. Мислам дека сум една нормална личност, и најчесто
одам да пазарам, затоа што кога барам нешто специјално за некој нов спот или за
нешто друго за утре на пример, никогаш не го наоѓам и не го бендисувам. Така
да, кога имам време одам по продавнците и си ги купувам баш тогаш најубавите
работи. Ете, така беше и минатиот викенд кога си купив нови работи. Женска
работа ( се смее)
Да те очекуваме ли за брзо време во Македонија?
Со големо задоволство, само да имам покана од ваша страна
и за мене ќе ми биде чест за прв пат да гостувам во Македонија.
Која е твојата порака кон читателите на Estrada World?
Сакам да им се заблагодарам што ги слушат песните кои ги
пејам, и се надевам дека ќе им се допаднат и новите и во иднина да направам
поубави песни со кои ќе ги израдувам. Да сте живи и здрави сите, да слушате
убава музика и да се гледаме на живо почесто.
Автор - Наташа Секуловска
No comments