„Изкушение“ е новиот музички предлог од Јаница
Сексапилната бугарска
пејачка Јаница, која последниве четири години е на врвот на најбараните попфолк
пејачки во соседна Бугарија, но и пошироко, ги израдува своите многубројни
фанови со чисто нова песна.
„Изкушение“ е музичкото
најново парче во нејзиниот репертоар, кое е по музика на Diamond Beat
Production, додека пак за текстот, таа се довери на Росен Димитров и Анастасија Мавродиева.
Режисер на провокативниот спот е Георги Марков. За нејзиниот сексапилен изглед овој пат се погрижија-Панче Димитриев (стајлинг), Васил Петровичин (коса) и Цецо
Андреев (шминка).
Во меѓувреме, Јаница се
подготвува и за спектакуларниот годишен концерт на телевизија Планета, кој оваа
година ќе се одржи во Пловдив на 28 ноември од 19,00 часот по бугарско време.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Георги Малев
No comments