Цветелина Јанева подготвува нова песна!
Бугарската пејачка Цветелина Јанева празнува свој
роденден на 5 октомври, со што оваа година и е уште поспецијална од
сите претходни години.
За прв пат, таа покрај со своето семејство – познатите музичари
Пепа и Георги Јаневи, дел од групата „Орфеј“, таа ќе прославува со својот првороден
син, како и со својот сопруг. Честитките
за празникот започнаа уште од рано изутрина, откако многубројните фанови ја
израдуваа со безброј поздрави во социјалните мрежи, а сопругот ја изненади со
голем букет од рози.
Покрај мајчинството, пејачката не ги заборави и своите фанови. Бугарскиот сајт Signal.bg пренесува дека подготвува нова песна и видеоспот, кои треба да се појават до крајот на годината. Но, што точно ни подготвила, останува да видиме до премиерата на музичкиот проект, но нема сомневање дека е нешто спектакуларно.
Изненадувањата за неа оваа вечер доправа следуваат, а тимот на Estrada World и посакува многу здравје,
среќа, љубов и што побрзо да се врати на музичката сцена!
Автор - Наташа Секуловска
No comments