(Интервју) Теди Александрова: „Не се доживувам себеси како скандална личност“
Теди Александрова е уникатен феномен во новата бугарска
популарна музика. Покрај спектакуларната сценска изведба, таа ги пишува сама стиховите
и музиката за нејзините песни. Во ексклузивното интервју за нашиот сајт, за прв
пат открива како е да се пее на голема сцена уште кога не беше позната како
пејачка, потоа дали подготвува нов музички албум и балада, како и која песна ја
издигна во најбараните пејачки во соседна Бугарија, како и уште многу други информации само ако го
прочитате целото интервју.
Здраво Теди, како си и со што го памтиш првото излегување
на големата сцена на турнејата во 2009 година?
Здраво. Благодарам за вниманието. Турнејата во 2009
година ми беше еден од најрадосните мигови во мојот живот досега. И секој пат
кога се враќам наназад или ќе си го пуштам клипчето од кастингот, секој пат ми
станува многу мило, многу емоционално, дури ми се плачи од радост, затоа што
кај има поубаво од тоа кога човек ќе си ја оствари желбата. Тогаш си
претставував сѐ многу розево, сега гледам дека не е толку лесно, но сепак си ја
остварив желбата и тоа ќе остане сепак како
еден од најрадосните моменти во мојот живот. Верував дека ќе ми се случи и
знаев, но едноставно го чекав моментот кога ќе се оствари.
Како е да пееш на толку голема сцена пред да станеш пејачка?
Според мене да пееш на толку голема сцена, пред да си утврдено име, е пред сѐ шансата т.е тоа да ти се случи уште кога луѓето не те
знаат за мене беше навистина благослов по некој начин и една голема ударна подготовка
за тоа што претстои. Не знам, емоцијата беше неопислива. Ако треба да сум искрена
толку многу бев возбудена, што од адреналин не ги памтам сите тие минути.
За овие седум години, зад себе имаш два музички албуми.
Подготвуваш ли можеби нов во моментов?
За нов албум е рано да се каже, затоа што треба да се
соберат уште песни, но со сигурност се надевам да стигнеме и дотаму. Иначе два
албуми зад грбот, за седум години, за
нашата публика, за луѓето кои ја слушат нашата музика мислам дека сум се
погрижила доста добро.
Како ќе одговориш на сите коментари дека спортовите се
провокативни и со голи сцени?
Според мене луѓето ми ја препишуваат таа скандалност, но
јас не ја гледам и не ми се толку многу скандални спотовите. Нема порнографија,
сѐ е класично премерено, но штом така ме определуваат немам ништо против,
затоа што има доста посакандални изведувачи од мене во нашата држава.
Да ти кажам според мене таа „скандалност“ зависи од полот
и возраста на слушателот.
Можеби затоа и јас се наоѓам скандална во своите текстови,
затоа што во нив има многу агресивни зборови, тешки зборови, дури и пцовки, е
за тоа можам да кажам дека тука навистина има скандал. Затоа што јас се
изразувам себеси на поразличен начин и не можам секогаш да сум лежерна и мила,
учтива и добра, но за да се покажам себеси, да се истакнам во денешно време е
потребно да се има прво провокација и
јас таа провокација ја правам во
текстовите, а не во спотовите.
Ориенталните ритми или навлегувачкиот звук на поп музиката
е иднината на попфолк?
Значи најпрво убаво е што и после 20 години попфолкот уште
постои и е докажано дека тоа е музиката на народот. И да, не сите луѓе слушаат
попфолк, има и сосема други типови на луѓе, кои слушат друго, но определно
попфолкот е музиката која се задржа најдолго низ годините и е најсигурна. Низ сите
овие години тој се промени страшно многу и зависи пред сѐ од волјата, од
изведувачите кои влегуваат во таа сфера и зависи од тоа што се предложува во тој
момент. Во почетокот попфолкот беше нешто ужасно за мене и искрено да кажам,
затоа што песни како „Ратка, пиратка“ и „Тигре, тигре“ нели во сосема во
изгревот на попфолкот, јас лично не би си ги пуштила да ги слушам и тоа е нешто
кое мене не ми се допаѓа. Но, оттогаш тргнаа работите и од таков тип на песни
започна овој стил. Низ времето тој се промени страшно многу и продолжува да се
променува. Кога се појавија Глорија, Ектра Нина, Цветелина, Петра и Тони Дачеа и
сите останати кои беа од првите ѕвезди во нашата музичка компанија специјално,
па ДесиСлава и Ивана малку покасно, сите тие тогаш го променија попфолкот и го
направија подостоен. Се направија поинтересни текстови и сето тоа беше во тоа
време, со што после тоа повторно се промени тој, затоа што дојдоа други имиња
како Преслава, Галена, Джена и тие создадоја нова линија, со што попфолкот претрпе
една промена кон подобро според мене, но сега во нашето време кога сме со
Галин, Фики и останатите кои се како нас, последните 6-7 години, повторно се
промени попфолкот, посебно последните неколку години, затоа што веќе се промени
и публиката, сега не слушат многу помали деца, односно тинејџерите во моментов
и ние сме должни да се променуваме и да
се менуваат работите и затоа во моментов расположението е такво да се рапува малку
повеќе и да се вметнува повеќе поп. Еве јас сум многу „за“ за тие работи, затоа
што попфолкот располага да кажам со можноста
да го променуваш и да вметнуваш етно
мотиви, дури и народно. Сѐ тоа само ако
знаеш да го направиш, да го создадеш на еден уникален начин и може да се добие нешто
навистина добро. Затоа јас се радувам дека во моментов сме на едно такво
расположение и за мене искрено кажано, има луѓе кои кажуваат дека попфолкот се
заситува и нема добри текстови. Но, после неколку години пак ќе биде поинаку,
затоа што работите пак според мене ќе се променат со сигурност и публиката која
ќе не слуша тогаш, но во моментов е тоа што е. Ние го правиме попфолкот
поинаков и тој не е повеќе попфолк, тој е сега веќе смеса, затоа што можеме да
си го дозволиме тоа сега. Во другите стилови тоа не е толку дозволено да се
прават такви промени и толку многу да се вметнуваат етно елемнти можеби, но кај
нас можеме да вметнуваме апсолутно сѐ. Така
да, јас многу се радувам што во моментот сѐ е на ова ниво и со сигурност ќе оди
и кон подобро.
Самата песна “Подгряващи звездички” се претвори за броени
часови во тотален хит во социјалните мрежи. Каква е формулата за хит во денешно
време?
Јас дури и да имам формула за хит, многу би си ја пазела
;) затоа што многу е тешко да имаш хит и воопшто не е така лесно, како што некои
колеги си мислат или пак воопшто луѓето. Многу е тешко затоа што зависи од
многу работи, кога ќе се започни од енергијата со која тргнуваш да го правиш
даденото парче и завршиш до тоа каков ќе
биде рефренот, фразата која ќе биде запамтлива, затоа што секоја песна треба да
си има таква и сѐ на сѐ е многу тешко,
има многу работи од кои зависи тоа, но пак ќе повторам многу е важна
публиката која не слуша во моментот,
така да пред сѐе треба да се сообразиш со тоа на кои луѓе сакаш да им го
поднесеш тоа нешто и да си сигурен дека тие луѓе ќе го направат тоа нешто хит.
Со што ги запомни снимките на најновиот ти проект „Температура“
со Борис Дали и Живко Микс?
Ги запомнив снимките по тоа што снимавме повеќе дена.
Општо земено, поради тоа што сме тројца беше малку лудница додека се
организираме, затоа што летото е сезона на многу ангажмани и снимањето има
многу работа, имајќи предвид дека има и режисери, флизери и шминкери и сите тие луѓе да се
обединат заедно во еден ден и да ни е удобно на сите, беше многу тешко и општо за мене беше малку така малку натоварено,
но сепак луѓето со кои работам ми се многу омилени луѓе, како Борето тој ми е
еден од најблиските колеги во опркружувањето и можам да кажам, дека беше многу
пријатна работата со него и со Живко и с Боби по аранжманот, се правевме со
леснотија. Така да, од таа гледна точка имав едно пријатно доживување.
Пред извесно време, сподели дека подготвуваш песна и со
оркестар „Кристали“, Кога ќе биде нејзината премиера?
Ами таа песна во процес на работа се распадна, затоа што
јас решив дека не се совпаѓаме како идеи за тој проект и не бевме на истото
мислење, едноставно се разминавме во кое нема ништо лошо, секој си го заштитува
своето гледање и едноставно се разбравме да не пуштаме тоа парче и последно го направија со Анелија
т.е тоа е парчето кое требаше јас да го направам со нив, но јас не го осетив
како свое, како нешто во кое треба да се вклучам и така.
Значи, не се осети како втора пејачка на „Кристали“? Си
имаш своја определена индивидуалност.
Ами да, можеби тоа беше нештото заради кое не се
погодивме, затоа што јас така сакав, едноставно сакав парчето да е целосно само
мое (се смее) и ако треба да сум
искрена, тоа немаше како да се случи, затоа што сепак тие се доста вокалисти во
групата.
Баладите ти се силна страна, да очекуваме ли од тебе, до
крајот на годината едно музичко парче од тебе во таков стил?
Ами, не би рекла дека го виделе тоа луѓето, дека ми се
силни страни баладите, затоа што во последните три години имам само една
балада, а претходните четири години мислам дека имам две или три. Како цело
непридавам толку многу внимание на баладите, затоа што тие не ни носат работа,
ако треба да сум искрена. Кога правиш балада со сигурност треба да знаеш дека
ја правиш за слушање и да допреш до луѓето и најповеќе за свое задоволство. И јас
тие балади кои ги имам сум ги правела
пред сѐ заради тие причини, да ги расчуствувам луѓето и да направам на себе си една таква песна со
која ќе се гордеам внатрешно јас, затоа што баладите се песни во кои можеш да се
покажеш себеси си повеќе како глас, а пак во случајот јас текстовите и музиката
сама ги правам и тоа е еден плус за мене, да можам да си ја отворам душата, да
го изнесам тоа што го чуствувам во дадениот момент, така да со сигурност многу
сакам да направам уште многу балади во иднина, но во моментот не знам дали ќе
направам, можеби зимата во студеното време кога имаш потреба да се гушнеш со другата
половина и да се стоплиш, и кога ќе падни снегот, мислам дека е најромантично време за балада,
така да тогаш живот и здравје би направила. Имам такви идеи, ако треба да сум
искрена.
Освен со хитовите песни, симпатиите на фановите ги
добиваш и со изгледот.Ќе ни издадеш ли како ја подржуваш перфектната форма?
Јас кажав пред малку во принцип се ограничувам од некои
работи, но не можам да кажам дека
целосно се ограничувам, дури си каснувам. Но, во последно време така малку
посилно обрнувам внимание на тоа затоа што тоа си е агенда, и затоа што има потреба од подршка и не може само така, треба да се спортува
пред сѐ, макар еднаш или два пати во седмицата, ете така чисто за самиот
организам и пак дава тоа резултат.
Кој е најмилиот гест, кој еден фан го има направено за
тебе низ годините?
Ами во моментот се сеќавам за еден гест од едно мало
девојче, кое дојде на мојот концерт во Пазарджик, тоа беше пролетта. Се имавме
собрано таму со колеги на еден хуманитарен концерт, и тоа девојче беше таму и јас пред тоа го
забележав, затоа што едноставно се гледаше дека од очите зрачеше со љубов и на
крајот на настапот ја качив на сцената и ја гушав силно и таа се расплака и ми
реќе „Теди те сакам“ и тоа е момент кој не можам да го заборавам.Не дека други
фанови не ми ги кажале истите зборови кое е страшно убаво, за емоционален човек
како мене, но со девојчето беше малку поспецијално затоа што таа се потруди да
ме нацрта и тоа апсолутно сама без ничија помош и со целосното нејзино внимание,
со нејзините сопствени раце и целата љубов и на крајот на настапот ми го подари цртежот и си го чувам, дури си го ставив во
рамка, затоа што ми стана многу емоционално
и тие работи не можам да ги заборавам. И мојата козметичарка тука се
расплака додека го раскажував тоа (се
смее)
Која твоја песна досега ја има обележено твојата кариера,
онаа по која луѓето те препознаваат?
Емблематичната ми песна е „Чалга пеперутки “ со сигурност.
Бидејќи си позната личност, папараците постојано те
следат од сите страни, но успеваш ли сепак добро да се одмориш во слободното
време?
Да кажам искрено, не страдам од такви притисоци, гледам
да сум повеќе себе си и да не се замарам
со такви работи, затоа што сѐ е минливо, за мене е важно луѓето да ме сакаат и
јас не се чуствувам како нешто големо, најважно е да сум добра во својата
работа, да правам хит по хит и луѓето и
колегите да го гледаат тоа нешто, и едноставно луѓето да ме сакаат, да имам
работа и да имам настапи. Тоа ми е најважно, папараците и тие приказни не ми се
веќе на дневен ред, тие работи за мене се нормални, да те снимаат и да те
бараат .
Нема да настане хистерија, ако те снимаат без шминка како
некои твои колешки на пример нели?
Не, немам да паднам во хистерија, со сигурност нема да
сум како со шминка , но во крајна сметка јас пак сум млада жена на 26 години и
си се прифаќам таква каква што сум и си се допаѓам, така да немам да има
проблем. И можам да кажам дека јас и воопшто не носам шминка, се шминкам само
кога одам на настапи.
Има ли пријателство во попфолкот или конкуренцијата убива
сѐ?
Тешко има такво вистинско пријателство во попфолкот. Не може да има. Има многу
злоба, секој сака да покаже на другиот дека е подобар и тоа се приказни, не
може и нема такво пријателство. Почитување да, ние едноставно треба да се
почитуваме затоа што сите работиме во една насока и кога знаеме колку е тешко да се направи
песна, спот и да си ги вршиш работите добро, од таа гледна точка треба да се
почитуваме.
Ти си една од пејачките која е честа гостинка во
странство. Имаш ли закажан концерт за во блиско време за во Македонија?
Во Македонија не сум дошла одамна и сум немала концерт кај вас. Македонската
публика е многу темпераментна и засега немам, а би сакала. Последно бев во
Турција пред една седмица или две и останав многу задоволна затоа што бев на
празникот на градот во Бурса и имаше
многу луѓе, можеби пет или шест илјади и да пееш пред таква публика си е дар од
Бог. Искрено кажано, беше голема емоција и нема да го заборавам со сигурност. Особено
кога гледаш дека публиката реагира на тоа што си ти и на тоа кое го правиш.
На крајот, ти посакувам сѐ најубаво и уште поголеми успеси во иднина.Која
е твојата порака кон читателите на Estrada World?
Мојата порака кон читателите е секој човек да биде себе
си , затоа што само така може да биде среќен.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв
No comments