Header Ads

(Фото) Галена направи незаборавно шоу во Македонија!


Една од омилените ѕвезди на македонската публиката дефинитивно е и бугарската пејачка Галена. Ова е причината поради која сексапилната пејачка, минатата сабота (7 октомври) беше гостинка во Струмица во клубот „Селект“.

Публиката имаше можност да ужива во незаборавна музичка вечер, со многу хитови како што се #Мама Ураган, #TheBoss, Moro mou... , во добро расположение и весели емоции, кои се гледаат и од видеата од настапот  кои се качени во официјалната страница на клубот во Фејсбук. Како и секогаш, Галена успеа да  ја направи вечерта вистински музички празник за љубителите на бугарската попфолк музиката, но и за оние кои се слушатели на народната музика.
Истовремено, пејачката подготвува нов музички проект, за кој сподели дека ќе биде различен од сѐ она што досега го има претставено, затоа што не сака да се ограничува во својата работа. Што точно ни има подготвено, останува да видиме до неговата премиера.

Автор- Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв и Клуб „Селект“


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.