Header Ads

Ексклузивно: Елена Велевска ултра секси во песната „Недостапна за тебе“!

Елена Велевска, покрај многубројните ангажмани во нашата земја, но и во соседна Бугарија, успеа да сними спот за песната „Недостапна за тебе“, која оваа лето беше претставена по Планета Тв, со бугарската верзија „Уволнен си от живота ми“, а за која таа има големи очекувања дека ќе им се допадне на македонската публика.

Од македонската верзија очекувам многу повеќе, бидејќи некои не разбираа што пеам во бугарската верзија, разбраа само во Бугарија, а во Македонија малку потешко, дури и ми бараа превод на самата песна, но не дека ова на македонски јазик е буквален превод на самата песна, туку тоа е само на темата, да не се бега од тематиката којашто ја носи песната“.
Македонскиот текст го направи Љупчо Василев, додека пак музиката е на нашиот компзоитор Оцко, кој од пред неколку години живее во Бугарија. Спотот се снимаше во студиото на ИН Продукција, а се очекува да излези наскоро.


„Се надевам дека имаме вистинско освежување за македонската музика и мислам дека ова е еден соодветен потег како што беше во времето со „Наркотику мој“, „Невина“, “Луда и перверзен“, мислам дека таа револуција ќе се постигне после „Погледни ме за крај“ и „Недостапна за тебе“ – сподели Елена за нас.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Приватна архива (Елена Велевска)

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.