Header Ads

Планета ТВ прославува 16 години од основањето со спектакуларен концерт во Пловдив!

По традиција, бугарската музичка телевизија Планета, по повод нејзиното основање секоја година организира годишен концерт, на кој настапуваат едни од најпопуларните изведувачи на музичката продукција куќа „Пајнер“.

Долгоочекуваниот настап, оваа година ќе биде на 28 ноември во сала „Колодрума“ во Пловдив. Цените на билетите се движат од 5 и 10 лева, а исто така може да се набават и преку мрежата на eventim.bg.


16 години хитови, ѕвезден блесок и едни од најбраните изведувачи во соседна Бугарија како Преслава, Джена, Галена, Ивана, Галин, Фики, Борис Дали, Емануела, Анелија, Емилија, Джулија, Јаница..., но и нашата најголема музичка ѕвезда Елена Велевска ќе ја исполнат “Колодрума” на 28 ноември. Почетокот  е точно во 19,00 часот сметано по бугарско време.


Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.