(Фото) Свадба за памтење направија Фики и Гулџан, а очекуваат и дете!
Фики и неговата сопруга Гулџан направија свадба за
памтење, кога се заколнаа на вечна љубов пред повеќе од 600 гости, во сала EFE
на хотел „Маринела“ во Софија, Бугарија, која беше целата украсена во бело,
розево и сино со многу цветни аранжмани.
Кумови на младото семејство беа нивните пријатели пејачка
Галена и нејзиниот сопруг Галин.Помеѓу присутните имаше многу од колегите на
Фики и неговиот татко Тони Стораро, како - Цветелина Јанева, ДесиСлава,
Емилија, Илијан, Кали, DJ Дамјан и Ванја, Есил Дуран, Борис Дали, Билјана, Пепи
Христозова, Ави Бенедети, оркестaр Орфеј и музичарите од оркестар "Кристали".
Младото семејство за првпат официјално соопшти дека очекуваат
машко дете, кое ќе се појави некаде
околу роденденот на Фики на 3-ти март и ќе биде именуван по неговиот дедо
Танчер, но ќе се вика Тони.
Во меѓувреме, фановите на Фики се воодушевени од неговиот
трет дует со Галена - „Изневериш ли ми“, кој започна да руша рекорди и да се
позиционира на првите места во музичките топ листи.
Автор- Наташа Секуловска
No comments