(Видео) Слушнете ја песната „Машала“ во изведба на Елена Јовческа
Елена Јовческа пред неколку дена го претстави својот
најнов музички проект. Имено, позната македонска песна „Машала“ доби поразлично
светло, со што нејзините обожователи ќе можат да ја слушнат и во прекрасното
исполнување на нашата позната пејачка.
Снимањето се одвиваше во прилепскиот крај, односно во
селото Штавица, каде што се снимани и 4-5 филмови на македонскиот режисер Милчо
Манчевски.
„Искрено да ви кажам јас сакав да ја снимам песната во
Охрид, меѓутоа иницијатор беше Ване кој ми кажа дека има многу убави локации
тука во Штавица и навистина направивме еден убав спот со продукцијата IN TV. Аранжманот на песната го
направи Никола Кочанковски, а во видеото учествуваа и играорците од КУД „Мирче
Ацев“ од Прилеп. За мојот изглед се
погрижија Алек Палада и бутик „Paris“ од
мојот роден град, со што имаблагодарам на сите кои зедоја учество во овој проект“. - сподели
Јовческа за нас.
Истовремено, Елена сними и нова фотосесија од која ви
претставуваме и ексклузивен кадар, најавувајќи многу изненадувања за нејзините
обожователи оваа есен и зима.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Приватна архива (Елена Јовческа)
No comments