Header Ads

(Видео) Галена и Фики ги израдуваа фановите со трет дует. Погледнете го „Изневериш ли ми“

После двата успешни дуети „Кой“ и „Боже, прости“, Галена и Фики ги израдуваа своите многубројни овожователи и со видеоспот кон нивниот нов дует „Изневериш ли ми“, кој само за три дена регистирира над 800.000 прегледи во официјалниот канал на телевизија „Планета“ во YouTube.

Потсетуваме дека музичкото парче беше претставено уште во  месец мај оваа година, кога пејачката официјално се врати на сцената после раѓањето на својот втор син. Песната е по музика на грчкиот композитор Kyriakos Papadopoulos, аранжман на Даниел Ганев, додека пак емотивниот текст кој предизивика лавина од позитивни коментари и не остави никој рамнодушен  е на поетесата Мариета Ангелова.

Режисер на спотот е Николај Нанков, а за изгледот на сексапилната пејачка се погрижија Добромир Кирјаков и ISKRA Art Gallery.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.