Header Ads

Ексклузивно: "За верни приятели" е најновиот народен албум на Нелина!

Петтиот самостоен фолклорен албум на Нелина "За верни приятели" веќе е факт. Албумот се состои од 13 композиции, од кои 3 се авторски, а 10 се народни песни од различни фолклорни подрачја. За богатиот и автентичен звук на песните на албумот придонесуваат и  живите инструменти, а за аранжманите се погрижија за Митко Петров, Димитар Милев, Светослав Лобошки и Јордан Кабаиванов.

Нелина во ексклузивното интервју кое го даде за нас пред неколку дена откри, како се роди идејата за насловот на нејзиниот нов фолкорен албум:

„Идејата се роди сосема спонтано, со една песна „Слънцето трепти“, која во почетокот на оваа година во топ листата на Signal.bg беше од страна на слушателите избрана за песна на годината, што за мене беше големо изненадување и толку многу се израдував што и ме инспирира да напишам песна како благодарност кон фановите, кои што толку многу години ме подржуваат и навистина најважното нешто за еден пејач е луѓето да го сакаат и да им се допаѓа тоа што го прави, затоа што секој има силни и не толку  силни песни. Јас низ сите тие години сум ја осетила нивната подршка, за што сум им бескрајно благодарна. Песната „ За верни приятели“ беше точно резултат од таа среќа која тие ја предизвикаа кај мене. Откако ги прегледавме песните од албумот, за оваа песна разгледавме уште една или две други варијанти, и се одлучивме токму за оваа. Сепак таа песна е авторска, сакам да напоменам дека композитор е Красимир Христов, а текстописец Димитар Милев. Јас таа песна ја направив за моите фанови. Многу сум среќна дека низ последните години, авторските песни на народна основа кои ги создадовме со многу талентирани композитори и текстописици, го најдоа своето место во срцата на луѓето и се повеќе народните песни се бараат на моите концерти и задолжително ги пеам. Тие песни се веќе "За верни приятели“ од поновите песни, па „Чорбаџи Иван“ која е емблема во мојот репертоар и е исто така авторска. Потоа  "Българийо, ти майко свята" е исто така авторска песна, која беше подзаборавена, речиси непозната на младите луѓе затоа што немаше видеореализација. Но, постојано се оптоварува пазарот со нова продукција и најубавото не го гледаш, ни пак слушаш. Повторно благодарност до моите фанови кои ми ја дадоја идејата да ја презапишам таа песна која ја немав слушнато, а е на Соња Балевска , а прв пат ја запишав минатата година и излезе на 22 септември. Во последно време ги завршувам со таа песна моите настапи, едноставно луѓето стануваат на нозе, им делува како химна и прекрасно е чувството што ја пејам таа песна на моите настапи. Се радувам што  на луѓето им се допадна моето исполнување, кое е малку поразлично, посовремено, со аранжман на Митко Петров и кога човек работи со талентирана екипа, работите испаѓаат добро“.

НЕЛИНА - “ЗА ВЕРНИ ПРИЯТЕЛИ"


1.     ЛЮБЕ, ЛЮБЕ, ПЪРВО ЛЮБЕ
2.     СЛЪНЦЕТО ТРЕПТИ ДА ЗАЙДЕ
3.     ВЕРНИ ПРИЯТЕЛИ
4.     БАБА ВИНЦЕ ПИЛА
5.     ХОДИЛА ЯНА
6.     ТРЪГНАЛА Е ЙОВА, ЙОВКЕ ЛЕ
7.     ИВАН НА ГАНА ДУМАШЕ
8.     ДАЙ, КРЪЧМАРЮ
9.     Я СЕ, ГЕРГИНО, ОЖЕНИ
10.  ЗАБЛЕЯЛО МИ АГЪНЦЕ
11.  СКАРАЛИ МИ СЕ ЮНАЦИ
12.  ОТДОЛУ ИДАТ СЕЙМЕНИ
13.  БЪЛГАРИЙО, ТИ МАЙКО СВЯТА


Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв


1 comment:

  1. Я Артур Борис, жыхар / грамадзянін Рэспублікі Расія. Мне 52 гады, прадпрымальнік / бізнесмен. У мяне калісьці былі складанасці з фінансаваннем майго праекта / бізнесу, калі не мой добры сябар, які пазнаёміў мяне са спадаром Бенджамінам Лі, каб атрымаць крэдыт у яго кампаніі на суму 250 000 долараў ЗША. Калі я звязаўся з імі, спатрэбілася ўсяго пяць рабочых дзён, каб зрабіць мой крэдытны працэс і перавесці на мой рахунак. Нават пры дрэннай крэдытнай гісторыі яны ўсё яшчэ прапануюць вам паслугу. Яны таксама прапануюць усе віды крэдытаў, такія як бізнес-крэдыты, крэдыты на жыллё, асабістыя крэдыты, крэдыты на аўтамабіль. Я не ведаю, як падзякаваць ім за тое, што яны зрабілі для мяне, але Бог узнагародзіць іх у залежнасці ад свайго багацця ў славе. Калі вам патрэбна тэрміновая матэрыяльная дапамога, звяжыцеся з імі сёння па электроннай пошце Lfdsloans@outlook.com WhatsApp інфармацыя ... + 1-989-394-3740

    ReplyDelete

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.