(Интервју) Татијана Стефановска: „Нема поголема награда од љубовта на публиката“
Импресивно убава, интригантна и талентирана, Татијана
Стефановска е меѓу имињата кои смело
воведуваат иновативен дух во современиот попфолк на нашата естрада. За кратко
време стана ценета и барана кај нашинците во странство, вооедно редејќи хит зад
хит, од кој последниот „Посебна“ се здоби со видеоспот пред неколку дена. Од екслузивното интервју кое ни го даде за нас, ќе може да научите голем број информации
сврзани со почетокот на нејзината музичка кариера, како и околу нејзиниот
најнов музички албум „Дарој свадбарски“.
Здраво Татијана, наjпрво да ти се заблагодарам што одвои
време за интервју за нашиот сајт. На почетокот на оваа година во продажба го
пушти твојот најнов музички албум „Дарој свадбарски“. Колку време го
подготвуваше овој албум?
Најпрво, сакам да ви се заблагодарам за вашиот интерес и
следењето на мојата кариера. Вооедно поздрав до сите читатели на вашиот сајт.
Албумот „Дарој свадбарски“ е склоп од 8 песни, сите стилски различни, се со цел
да се опфати вкусот на повеќето слушатели. Албумот е збир од песни кои што сум
ги снимала во последните 4 години. Тоа е така направено намерно, за да се добие
албум со добро избрани и избработени песни.
Во него вклучи осум песни, од кои некои веќе имаат и
видеозаписи. Планираш ли во меѓувреме да снимиш и видеоспотови на останатите
песни?
Скоро за сите песни на албумот, имам и видеозаписи, па ќе
се потрудам и за останатите за кои немам J Еве деновиве снимив спот за песната „Посебна“
со Ин продукција и сум многу задоволна. Останатите спотови ми се изработени од
Box продукција и еден спот од Веста продукција.
Песната „Љубовна прашина“ се здоби со видеоспот кој го
изработи „Веста продукција“ од Битола. На кое место се снимаше видеоспотот и
како поминаa снимките?
Да, за песната „Љубовна прашина“, спотот го изработија
моите сограѓани од Веста продукцијата од Битола. Презадоволна сум од
соработката со нив. Уште пред неколку години ја имав таа понуда да снимам со
нив, но не успеавме. Еве сега можам да кажам дека се оправдува понудата која ја
имав од нив и се покажаа како прави професионалци. Видеото се снимаше на
преубавата Галичица и во Хотел ресторант „Mr.I“ во Охрид.
„Посебна“ е една од омилените песни кај публиката, од
твојот нов музички албум. Ќе ни раскажеш ли од каде ја црпиш инспирацијата за
твоите песни, со кои како оваа знаат да го освојат срцето на луѓето.
Песната „Посебна“ е една и од моите омилени песни на
албумот. Ретко кога љубовта се опејува во позитивна смисла-како во овој пример,
па затоа ми е омилена. Убав пример за среќно вљубена жена. Инспирацијата за
музиката ја црпам од слушањето на секаква музика, гледам каков стил на песна ми
фали во албумот...секако тука се моите соработници, да ми кажат што можи, а што
не би било добро да го снимам. Имаме одлична соработка и нивниот збор, за мене
е од исклучителна важност.
Како се одлучи да започнеш да се занимаваш со музика?
Музиката е важен дел од мојот живот, уште од најмала
возраст... видно талентирано дете сум била J
покрај долгогодишното пеење во градскиот хор и пеењето на некоја свадба кога
сум била гостинка, и не сум размислувала да станам пејачка, иако имав безброј
понуди скоро од сите битолски групи. Но, подоцна сакав да настапам на
фестивалот „Валандово“ и така беше. Настапив на фестивалот во 2007 година, со
пеење во живо, без ниеден ден работа како професионален пејачл. Дотогаш немав
настапено никаде – директно на сцена и пренос во живо на МРТ и сеуште не
планирав да продолжам со пеењето, ама ете сакав барем еднаш да излезам на сцена
сама. Но, мојот настап го забележаа многу музички имиња кои пејат и оние кои
творат, па ме убедија дека сум родена за оваа работа J. Така почна мојата кариера.
Ти си една од пејачките на нашата естрада која е често
канета на турнеи кај нашите во
дијаспората било да е Европа, Канада, Америка. Австралија….Како ти помина
турнејата во Канада и Австралија оваа година?
За Нова година и новогодишните празници бев на турнеја во
Канада, заедно со мојата колешка Џесика Палашоска и групата Маестрал од Битола,
тоа беше во организација на МК Естрада од Канада. Одличен прием, одлични
концерти и организација и одлично дружење. Турнејата пак во Австралија беше во
фебруари и март во организација на друштвото Никола Карев од Мелбурн. Исто
така, убав дочек, убави организирани концерти и повторно убаво дружење и со
колегите и со луљето кои не пречекаа и каде што престојувавме таму. На таа
турнеја бев повторно со колешката Џесика и со Спасен Силјаноски, додека
придружни оркестри ни беа „Амадеус“ од Мелбурн и „Пелистер“ од Сиднеј.
Кои песни надвор од Македонија, на твоите настапи се
најбарани кај публиката?
И во Македонија и надвор од Македонија, најбарана моја
песна ми е „Битолчанка“. Покрај неа исто барани се „Џумбуш“, „Опасна“, „Дарој
свадбарски“, „Дајте песна“, од постарите „Ме сака никој“ – сеуште знае да ја побара
некој J
Дали имаш сопствен бенд кој редовно те прати на твоите
настапи или соработуваш со повеќе групи, бендови?
Не, немам сопствен бенд, туку соработувам за секоја
забава со различен бенд, Но, се познавам скоро со сите, претходно се слушаме,
се договараме со бендот што како, па и на бина продолжува тој договор и немаме
никаков проблем.
Кој од почетокот на твојата кариера ти беше најголема
подршка? А, кој критичар?
На почетокот на кариерата, најголем критичар ми беше
мајка ми, а подоцна сопругот. Но, вооедно и подршка. На почетокот мајка ми не
се согласуваше јас да се занимавам со оваа работа, но веројатно кога виде дека
одам во правилен правец, беше задоволна и почна нејзината подршка. Се разбира,
музиката ме спои со сопругот, кој исто така е музичар и од големо значење ми е
неговото мислење, а неговата критика ме направи и подобар пејач во последниве
неколку години.
Која твоја песна според тебе досега ја има обележано
твојата кариера, онаа по која луѓето те препознаваат?
Како што кажав погоре, „Битолчанка“ е песната која ја
обележа мојата досегашна кариера, песната која некогаш на барање на публиката,
ја пеам и по 4-5 пати на еден настап. Таа е песна на Дејан Момироски со музика
и аранжман, а текст на Борче Нечоски, а желба за таа песна изјавив јас. Сакав
да имам убава, брза песна во која ќе се кажува дека јас сум битолчанка... така
и гласеше песната подоцна J
Кои се предностите, а кои се слабостите според тебе кога
си јавна личност?
Па, има предности во тоа да си јавна личност. Ме
отпоздравуваат, луѓето ме препознават и нормално и јас ги отпоздравувам. И да
не ми зборнат, а гледам дека сакаат, јас им пристапувам. Не се чувствувам ништо
поразлична од пред да станам пејачка. Моето однесување никогаш не се смени,
останав иста со однесувањето со луѓето. Не сум осетила слaбост заради тоа што
сум јавна личност, само убави работи сум доживеала.
Бидејќи си позната личност, папараците постојано те
сликаат на сите страни, успеваш ли сепак добро да се релаксираш во слободното
време?
Јас сум си цело
време опуштена J
имало некакви папараци исто ми е . А, и да бидеме искрени ова не е Hollywood па
да идат по нас ;). Ако случајно ме видат, па ме сликале – е тоа се случувало.
Опуштена сум каде и да одам, едноставна сум, скромна, и не страдам од преголемо
внимание и докажувања, затоа што сум свесна за моите музички успеси, но тоа не
ме прави „поголем“ човек.
Учествуваш во многу хуманитарни концерти ... Како позната
личност ја имаш моќта да можеш да го
свртиш вниманието на некои појави во општеството.
Да, сум настапувала на многу хуманитарни концерти. Каде
што сум можела да настапам, каде што сум имала време. А, со драго срце и се
извинувам на оние, каде не сум можела да настапам. И ние сме луше, и ние
некогаш се разболуваме, имаме неубави периоди во животот, кога насмевката на
лицата ни е лажна. Тоа луѓето не баш го разбираат. Мислат дека нашата професија
е многу лесна, но воопшто не е. Малку избегав од темата, но секако сакав да го
спомнам и ова. Јас како јавна личност, неверувам дека можам да сменам нешто во
политиката. Цели партии и луѓе се опседнати со политика, неможат да сменат
нешто, па камо ли јас. Мојата работа не зависи од политиката, но би сакала
државата да ни е во најдобар ред.
Според тебе што ја прави една жена навистина среќна?
Една жена да е среќна, треба да е сакана. Тоа е многу
едноставен и вистинит одговор, јас сум среќна, добивам многу љубов, како од
сопругот, така и од моето семејство и моите пријатели. А, уште посреќна сум
кога сакам некого и кога сакам да удоволам некому.
Изгледаш како и секогаш – одлично. Кој се грижи за твојот
стајлинг?
Благодарам JЗа
мојот стајлинг се грижам јас, а моите замислени креации, ги реализира мојата
пријателска Милена, која ги изработува истите. Покрај тие парчиња, многу работи
кои ги носам се купени од продавниците низ Охрид, Битола, Скопје, Солун и од
многу други места каде што одам на турнеи низ светот. Имам и спонзори кои ми
помагаат кога се снима спот, кога имам фотосесија. Им благодарам на сите.
За крај, ти посакуваме се најубаво и уште поголеми успеси
во иднина. Која е твојата порака за читателите на Estrada World?
Ви благодарам Вас, за ова интервју. За крај, на
читателите на EstradaWorld би им посакала многу здравје, да бидат среќни и да
слушат повеќе музика J J
Интервју: Наташа Секуловска
No comments