Header Ads

Елена Велевска подготвува песна на српски јазик!


Нашата најпозната пејачка Елена Велевска после успехот на песната „Уволнен си от живота ми“, која наскоро ќе добие и своја македонска верзија, подготвува нови музички проекти кои ќе ги претстави на публиката оваа есен и зима.

"Нашата идеја е да пееме на македонски, бугарски и српски јазик. Во моментов работиме на композиција  во која се пее на српски јазик. Се надевам дека ќе го добијам она што го очекуваме - мешавина на етно мотиви и современ ритам, нешто живо, погодно за танцување. Се надевам ќе ви се допадне. Цело време експериментирам и секогаш се стремам да сум во тек со новостите“. – сподели Елена за телевизија „Планета“.


Исто така, таа работи и на балада која ќе се појави во првите месеци од 2018 година, со што  признава дека лиричните мелодии се нејзините омилени песни, а потсетуваме дека во нејзиниот репертоар ги има доста на број кои оставија трага во времето.

Автор - Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.