Погледнете го емоционалниот спот на Сања Ристевска за песната „Марио внуче најмило“
Сања Ристеска откако го претстави дуетот со нејзината
колешка Елена Јовческа кон песната „Сестра“, готова е со чисто нов музички
проект, за кој се надева дека ќе им се допадне на нејзините овожователи, а пред
сѐ на љубителите на народната музика.
Песната „Марио внуче најмило“ е по музика и текст на Орце
Стефкоски, а за аранжманот беше задолжен Гоце Пајак. Видеото кое се снимаше во
Прилеп, на познатите „Маркови Кули“ е
дело на ИН ТВ продукција, кои се погрижија видеоспотот да одговара во целост со
замислата за песната, која е посветена на нејзиното внуче Марио.
„Оваа идеја ја имав уште пред да се роди мојот внук Марио
и сакав да му поклонам нешто што ќе му остане засекогаш, а ова е дефинитивно
најубавиот поклон што можам да му го подарам него.“ – сподели Сања за нас.
Во прилог, ви го претставуваме видеоспотот, а дали ви допаѓа
ќе научиме од вашите коментари.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива (Сања Ристеска)
No comments