Ексклузивно:Нелина подготвува нов народен албум!
Бугарската пејачка Нелина која ја определуваат како
„жената–глас“, е готова со својот нов народен албум, кој се очекува да излези
до крајот на месец септември.
Откако пред неколку дена нејзината народна песна „Отдолу идат сеймени", се искачи на првото место во топ листите за народна музика
во соседна Бугарија, таа сподели пред нејзините обожователи во социјалните мрежи:
"Повторно признание за песна од претстојниот нов
народен албум. Ви благодарам со целото мое срце и овие денови ќе им снимам и
видеоверзии и на останатите песни, со
што до крајот на септември се надевам дека ќе го имате во вашите раце мојот нов
албум!“.
Потсетуваме дека Нелина, покрај подготовката на народниот
албум, подготвува и нова песна за идната сезона, откако „Код червено“ помина
одлично кај публиката ова лето, а автор
на музиката и аранжманот беше Боби Павлов, а забавниот текст напишан од страна
на Мариета Ангелова.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments