Оваа вечер Преслава со голем концерт во Струмица!
Преслава оваа седмица има
вистински музички маратон. После настапите во Созопол и Сончев Брег, бугарската
ѕвезда на телевизија „Планета“, оваа сабота (19 август) ќе ги израдува своите
македонски фанови со неверојатен настап во Café Bar Select во
Струмица, уште еднаш покажувајќи дека е една од
најпокануваните пејачки, не само во соседна Бугарија, но и зад граница.
Присутните ќе можат да се
насладат на нејзините хитови, но и на актуелниот дует „Тук жена му пази“ со
Джена, која за брзо време се претвори во еден од летните хитови, регистирајќи
близу 2.000.000 прегледи за една седмица.
Ѕвездата на телевизија
"Планета" со сигурност со
нетрпение го очекува ова патување во нашата држава, каде што вети дека настапот
ќе продолжи со танцување и добро расположение, сѐ до раните утрински часови
следното утро.
Автор - Наташа Секуловска
No comments