(Видео) Елена Велевска го отпушти и завладеа со интернетот! За 24 часа над 35.000 прегледи!
Елена Велевска го исполни ветувањето кон своите обожаватели во
Бугарија, со што после дуетот со нејзиниот колега Борис Дали кон песната „Ще си
моя“, таа повторно запеа на бугарски јазик, овој пат во песната „Уволнен си“ со
кој се справи повеќе од одлично.
„Оваа песна требаше да биде
промовирана во јули месец,но обврските не ми го дозволија тоа.Спотот го
сработив со бугарска екипа и малку е да кажам дека сум презадоволна.Јас зад
себе имам многу видеоспотови на кој сум многу горда,но ова е најдоброто од
мене.Спотот се снимаше три дена, а локациите беа на Сончевиот брег. Песната е
авторско дело на Оцко и Мариета. Оваа е нешто сосема ново од мене. Сакам
публиката да ја изненадувам со нови проекти како благодарност на целата љубов
која ми ја пружаат,за која сум им неизмерно благодарна. Реакциите за песната и
спотот не стивнуваат, преовладуваат оние на кои им се допаѓа. Оваа песна ќе има
и македонска верзија,која ќе ја промовирам наскоро!“– сподели Елена ексклузивно за нас.
Песната „Уволнен си“, која
наскоро ќе добие и своја македонска верзија со наслов „Отпуштен си“ е дело на
македонскит композитор Оцко Василковски, како и на поетесата Мариета Ангелова.
Луксузниот видеоспот е снимен во
Бугарија, со што за реализацијата на новиот музички проект Елена се довери
повторно на бугарскиот режисер Људмил Иларионов – Луси. Музичкото парче за
помалку од 24 часа во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube беше
прегледана повеќе од 36.000 пати, факт кој докажува дека за убавата музика,
границите не претставуваат пречка.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Томе Табанов
No comments