Галена: Галин сака да имаме и девојче!
Галена ги израдува своите обожаватели со неколку слики од
своето шестмесечно бебе Александар. Таа призна пред списание „Love Style“, дека Галин сака да имаат и трето дете, откако среќните
родители се здобија со вториот син во февруари оваа година. Малиот стана
вистинска сензација во Instagram профил на пејачката, откако само за неколку часа собра над 14 000 лајкови.
"Mommy, I'm no #VIP I'm #BaByBoSS", - напиша во
име на бебето Александар популарната бугарска пејачка и така посочи, кој е вистинскиот шеф во
моментов во нивното семејство.
"Галин започна да зборува за уште едно дете и како што веќе вети сака да биде
девојче. Во оваа фаза не сум подготвена. Деца лесно се прават, но тиеимаат
потреба од грижа и внимание. Затоа - секое нешто со своето време. Нашиот син
Стефчо сподели дека сака уште две близначиња - момчиња. Во првите неколку дена
тој чуствуваше љубомора и сега си признава. Уште кога бев во породилното, дојде
и рече: "Повеќе бебиња - не!". Овие денови ми се извини и рече дека
не бил во право " – сподели уште таа за „Love Style“.
Во моментов, после актуелниот хит #THEBO$$, Галена сними спот за
баладата која е дует со нејзiниот колега Фики, а се очекува да излези наскоро.
Автор - Наташа Секуловска
No comments