Header Ads

(Фото) ДесиСлава официјално потврди дека е бремена со своето второ дете!

Бугарската пејачка ДесиСлава, откако се повлече од музичката сцена поради својата втора бременост, заедно со нејзиниот дечко  Благој Најденов за прв пат официјално зборуваат за нивниот наследник во нивното единствено заедничко интервју пред раѓањето на бебетоа кориците на списанието Love Style.

"Нашето бебе е навистина Божји дар! Многу малку жени природно може да забременат, ако го имаат овој гинеколошки проблем . Се чувствуваме многу добро и сме среќни. Јас сум веќе во шестиот месец, а рокот на раѓање е во јануари“ – сподели ДесиСлава, додека пак Благој ја надополни: „Многу ми е убаво, а и емоцијата е голема. Не застанувам да го галам и бакнувам стомачето на Деси“.
Во меѓувреме, иако е во напредната бременост таа успеа да сними и дует со нејзиниот колега Джордан, за кој планираат да се појави некаде околу 1 октомври – точно на денот на музиката. Песната ги комбинира креативните идеи на двата изведувачи, но и на истакнатите имиња во поп фолк - композиторот Даниел Ганев и поетесата Петја Радева, додека пак видеото е дело на режисерот Николај Скерлев.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.