Интервју: Галин -„Очекувајте го на есен мојот прв музички албум“
На самиот почеток на
летото ви претставувме ексклузивно интервју со бугарскиот пејач-Галин. Идолот
на многу луѓе, отворено споделува за нас многу информации поврзани со
неговото детство, љубовта кон музиката, плановите околу неговата кариера... и
уште многу други работи кои ќе ги дознаете само ако го прочитате интервјуто.
Си ја наследил љубовта кон музиката и талентот по семејна
линија – раскажи ни од кого?
Ја наследив од мојот татко, кој пак тој ја наследил од
неговиот. И двајцата се музичари. Во мојот крај се многу познати. Свират народна музика, хармоникаши се.
Во компанијата "Пайнер" влезе со твојот дует со
Гергана. Пред тоа дали си правел други обиди за да станеш пејач?
Јас имам завршено музичко училиште во мојот роден
град Добрич, така што од многу рана
возраст имам настапувано по концерти. Бев дури дел од една bоу група.
Пораснат си во средина
која е исполнета со народна музика. Дали си помислувал некогаш да се
занимаваш со неа?
Да се занимавам само и единствено со неа – не, но да
правам народни песни би можел. Сега сум се насочил кон други стилови.
Полесно ли е за
еден маж успее во поп – фолкот, бидејќи пејачите се помалку за разлика од пејачките?
Не е полесно, затоа што се бара да го раскршиш
стереотипот дека жените се поинтересни, а мажите едвај се нешто како
пополнување. А, и не можам да кажам дека конкуренцијата кај мажите е слаба.
Секако, нема како да не поразговараме и за изгледот,
многу обожователи, а најмногу обожователки коментираат колку си згоден и убав,
а и дека доста модерно изгледаш. Те советува ли некој за стајлингот?
Да, работам со едно девојче кое е мој стилист, менаџер
и прави се за мене - Станислава Василева-Стаси.
Минатата година направи многу хитови песни. Да очекуваме
ли и оваа година доста нови песни од тебе?
Се надевам, да. Во оваа работа до последниот момент
никогаш ништо не е сигурно, затоа не се обврзувам со ветувања, но ако се е по
план се надевам да и претставам на публиката 4-5 песни, многу различни една од
друга, а есента живот и здравје – албум.
Имено, пред неколку дена излезе твојата нова песна
– „Роклята ти пада“ во која се вклучува
и Јаница. Како се реши точно таа твоја колешка да ја вклучиш во новиот проект?
Решив дека таа би
одговарала добро, затоа што има глас соодветен да го испее точно тоа во песната
кое го сакав. Освен тоа, изгледа многу добро, прекрасен човек е, а во последно
време има актуелни хитови, кое ја прави сакан исполнител.
Спотот кон таа песна е нешто различно од
тоа кое досега го имаш претставено. На кој режисер се довери овој пат?
Овој пат работев
со Bashmotion. Тоа е режисер кој прави спотови превенствено со
поп и рап музичари, но има и спотови со неколку мои колешки. Се радувам дека соработувавме толку брзо и
така добро и публиката е задоволна од резултатот. Навистина се направи нешто
доста лудо.
Во песната „С мене да вървиш“ со вокали се
вклучува и Джена. Да не подготвувате
некој дует оваа година, така што само позитивни коментари можат да се прочитаат
за вашата соработка?
Да, често ми велат дека гласовите ни одговараат и би
звучеле добро заедно, но во моментов немаме планови за дует.
Твоите обожователи одамна чекаат да излезе
твојот прв музички поп-фолк албум. Дали можеби имаш планови да ги израдуваш со
него оваа година?
Да, ќе се обидам да го претставам есента.
Кој од почетокот на твојата кариера ти беше
најголемата подршка, а кој најголемиот критичар?
Многу луѓе ме подржуваа. Мајка ми, моите пријатели,
Стаси, некои композитори...Најголемиот критичар можеби беше и се уште е мојот
шеф - г-н. Димитров.
Какви се предностите , а какви се слабостите
според тебе кога си јавна личност?
Предностите кои
ги извлекувам јас се дека го работам тоа за кое што сум сонувал, дека има можност
мојата музика да стигне до максимален број луѓе и дека се забавувам со се што
правам. Недостатоците се дека луѓето
многу ретко се усогласуваат со личниот простор и сакаат постојано внимание.Освен
това и медиите започнуваат да злоупотребуваат со твоето име и личност. Со два збора секој зборува, секој сака нешто
од тебе, а всушност никој не те познава и не одговара со разбирање.
Дали досега си бил на некој концерт
во Македонија, така што на голем број од
твоите колеги кариерата им започна точно од оваа страна. Исто така, тука имаш
много обожователки кои со нетрпение те
очекуваат да дојдеш.
До сега не сум бил во Македонија, но немам трпение за
покана.
За крај, ти посакувам се најубаво, многу хитови песни, љубов, уживање и се
разбира да дојдеш во Македонија.
Благодарам многу :)
Автор: Наташа Секуловска
No comments