Header Ads

Саша Ковачевиќ наскоро со нова песна „Rano je“ и концерт во Прилеп!

Популарниот српски пејач Саша Ковачевиќ одлучи ова лето да ги израдува своите обожователи со уште една нова песна.
Песната се вика „Rano je” и на друштвените мрежи веќе можи да се види и кадар од спотот кои ние вас ексклузивно ви го претставуваме. Имено Саша и покрај топлите летни денови не престанува да работи и покрај многубројните настапи ширум Европа, одлучи да пушти нова песна и ако „Gde smo moja ljubavi” која беше снимана во Тајланд ја пушти пред извесно време.

Но, она што со сигурност ќе ги израдува неговите особено македонски обожователи е веста дека покрај неговите концерти во Скопје и Гевгелија кои ги одржа пред некој ден, на 16 јули ќе гостува на познатиот „Пиво фест“ во Прилеп каде што ќе ги испее своите најголеми хитови.


Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.