Ивана: Моментално во животот имам други приоритети покрај музиката
Бугарската пејачка Ивана е специален гостин во новиот
број на списание „Жената днес“ кој од пред некој ден е пуштено на продажба низ
бугарскиот пазар.
Во интервјуто пејачката прави сметка за нејзините
најуспешни години во нејзината долгогодишна кариера, како и за нејзиниот бурен
ритам на живот:
Дали ритамот на живот ми е ист? Па не е. Многу работи се
имаат променето. Неможи како да не е така, бидејќи освен правењето на музика,
спотови и нови песни, веќе си имам и други приоретитети. Се учам да бидам
побалнсирана, да го планирам денот, да не оставам се за последниот момент.
Ивана во интервјуто ги споделува и своите погледи за современата
жена и во што денес се состои нејзината промена:
Денес жените сме повеќебројни од мажите. Современата бугарска
жена најчесто работи повеќе, финасиски е независна и си подржува определен стил
на живот. Истовремено со тоа ги одгледува децата и се грижи за семејството. Но,
не може сите жени да ги ставаме под исто
знаме. Има и такви, кои по еден или друг начин не се задоволни од својот живот
или пак од работата, но никогаш нема да имаат сила да ризикуваат.
Исто така пејачката на народот кажува дека порано она што
го посакувала за да го оствари, не можело ништо да ја спречи, а сега нејзиниот
поглед во однос на тоа е поразличен:
Прво размислувам дали желбата е навистина реална или пак
е настаната од моментална емоција. Инаку, славата и успехот се нешто убаво и
ако некој кажува дека не ги сака не е искрен. Но, јас не би направила договор
со мојот морал и со тоа да повредам други луѓе, за да ми биде мене добро.
Автор: Наташа Секуловска
Фото: сп.„Жената днес“
No comments