Header Ads

Роксана во дует во српскиот пејач Милош Вујановиќ

Роксана ќе претстави наскоро дует со српскиот изведувач Милош Вујановиќ. Пејачот ја освои српската публика уште во 2013 година, кога стана дел од шоуто "Zvezde Grande".

Имено, Роксана пред некој месец во интервјуто за нас сподели дека подготвува дует со балканска ѕвезда, но не сакаше да издаде детали. А,откако таа и Милош се запознаваат како колеги, решаваат да направаат заедничка песна за која музиката ја подготвува македонскиот композитор Јорданчо Василковски-Оцко.Двајцата изведувачи се надеваат да направаат сингл, кој ќе успее да ја освои публиката на Балканот и да стане хит, кој ќе остане да се памти долго во времето.
Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.