(Интервју): Татјана - „Најголемите мои хитови се од македонски композитори“
Татјана е една од најсексапилните бугарски пејачки, која македонската публика ја има освоено уште во далечната 2003 година. Во ексклузивно интервју за нашиот сајт, искрено споделува многу работи поврзани со нејзините музички почетоци, љубовта кон семејството, песните, спотовите, спортот... и ако го прочитате интервјуто ќе дознаете дали подготвува и нов музички албум.
Татјана долго време си на сцената. Понекогаш чувствуваш
ли носталгија кон златните времиња на поп фолкот, кога не само ти, а и твоите
колеги тогаш правевте песни кои и денес продолжуваат да се слушат, а додека
сега пак песните на повеќето млади пејачи се забораваат за два-три месеци?
Да поминаа доста години од започнувањето на мојот
професионален пат со музичка компанија 'Пайнер'.Не би рекла дека имам
носталгија кон минатото, туку само прекрасни спомени, од моите стари песни и
средби со илјадници мои фанови. Времето оди напред и сите се менуваме, а
музиката ни претрпе досата голема промена, како аранжмани, текстови и видеа,
така што мислам дека на денес сè е во позитивен план!
Што ти недостасува најмногу од тој период на твојата кариера?
Не би рекла дека ми недостасува, напротив тогаш ми беше доста тешко, бидејќи јас бев само на 22г. и не ја знаев точната формула која треба да следам! Правев различни песни и генерално експерементирав со себе, додека сега сите знаат која е Татјана и кои се нејзините хитови!
За сите оние кои не се запознаени со твојата долгодишна кариера, дали ќе ни раскажеш прво накратко како одлучи да станеш пејачка?
(Се смее)Мислам дека благодарение на најголемата музичка копмпанија во Бугарија 'Пайнер' едвај има некој кој не е запознаен, но за оние кои не се, ќе споделам! Израсната сум во музичко семејство, а првите мои настапи на сцената се на 7 години со македонската народна песен 'Имала мајка' со која освоив и прво место во мојот роден град! Јас завршив музичко образование со профил народно пеене. После тоа бев примена во музичката компанија Пайнер, и до сега имам издадени 2 албуми и уште доста индивидуални музички песни за кои мислам дека е време да ги вклучам во албум! Првиот мој хит беше песента 'Биди фер' со која учествував на 'Охридски трубадури' и се претвори и во хит и во Бyгарија. После тоа имав бројни награди и признанија!
Се сеќаваш ли на првиот твој јавен настап? Како се чувствуваше тогаш?
Многу, многу возбудена !!!
Имено кариерата ти не ти почна ли Македонија? Во смисла дека во 2003 година учествуваше во доста фестивали низ земјата?
Да, мојата кариера започна од Македонија и мислам дека тоа на некој начин е и мојата визит-карта, различна од моите колеги тука во Бугарија!
Откако се занимаваш со музика, твојот имиџ доживеа целосна трансформација. Дали ова е знак дека вие пејачките мора постојано да бидете различни?
Да, така е и пак ќе се повторам, времето оди напред и нема како да не се менуваме и ние, но мислам дека оваа промена е во позитивен план и таа е задолжителна кај познатите личности (се смее)
А, мислиш ли дека музичкото образование е клучно за еден човек да постигне завидна кариера во жанрот?
Да, мислам дека е важно, затоа што тогаш ти помага страшно многу! Со сигурност на вистински музичар му е доста полесно отколку да одлучиш да ја истражуваш музиката на поголема возраст!
На почетокот на оваа година, песната "Да сме квит" имаше своја премиера кај публиката. Како дојде до идејата да пуштиш песна, во малку поинаков стил од она што досега имавме можност да слушнеме од тебе?
Работев со македонскиот композитор Оцко Василковски на кој му доверив уште еднаш! Песента стана хит за краток период, и веќе има на 2.000 000 прегледи за кое што сум многу, многу среќна!
Во моментов подготвуваш ли ново парче за летото? Ќе може ли да ни кажеш некој детал повеќе за тоа?
Да, подготвим и нови работи но мислам дека е уште рано да коментирам, бидејќи песента 'Да сме квит ' зема замав што повеќе! Единственото што ќе напоменам е дека ќе продолжам да работам со македонскиот композитор Оцко, и мислам дека ми оди да работам со со македонските композитори!
Баладата “През сълзи Обичам те'' е многу силна и емотивна. Да се очекува ли наскоро повторно таква песна од тебе?
Да, моите фанови доста долго време сакаа балада од мене, и јас ја одложував доста во времето. Песната “През сълзи Обичам те'' е многу силна и како музика и текст и се радувам што имам таква песна во мојот репертоар.
Оваа година ќе има ли нов музички албум или ќе го оставиш за иднина, бидејќи последниот твој излезе во 2005 година?
На преден план се ми се индивидуалните песни и спотови, но не е лошо веќе и за албум, бидејќи моите фанови ме молат и за тоа.
Што е клучно за една песна да се најде на твојот репертоар?
Се обидувам да правам различни песни, видеа ми и исто така да се разликуваат и се да има во нив и доза провокација!
Постојано патуваш, бидејќи имаш многу настапи. Сето ова бара посебен начин на живот. Како ја одржуваш кондиција и го пазиш гласот? Тоа е работа на талент или долгогодишното искуство?
Тоа е мојот живот и јас го наоѓам за сосема нормален! Тоа е мојот повик и не би сменила начинот на живот за никаква цена! Спортувам многу, а тоа ми дава многу енергија, позитивно размислување, здраво се хранам и се обидувам да не конзумирам штетни храна и пијалоци, за да се чувствувам одлично!
А, внимаваш ли посебно на храната, со оглед на тоа дека имаш одлична линија?
Да, се придржувам кон строг режим и мислам дека сум како еден војник! Напротив јас сум, само еден тип на спортска природа и како што велат моите близки ' Ти си мултифукционална (се смее) и за сè останува време,само треба да се има желба!
Имаш прекрасно семејство, за кое си многу поврзана. Дали би сакала твојот син да ги следи твоите чекори кога ќе порасне?
Благодарам! Синот ми ја сака музиката и тоа многу, но засега е насочен во друга сфера! Секој човек треба да го прави она што му се допаѓа, а ако твоето хоби е и твоја професија, си вистински среќен како се чувствувам и јас!
Како се замислуваш себе си по 10 години?
Уште поуспешна и реализирана само да сме здрави!
Ако некогаш решиш да напишеш автобиографија, што наслов би добила книгата?
Среќна сум што го живеев овој живот, бидејќи тој е како по книгите .... „Позната, мајка и сопруга на еден маж (се смее)
Имаш ли планови за иднината или се потпираш на максимата "животот е сега, а не некогаш, кога .."?
Да се разбира дека имам, дури имам си слична тетоважа по телото, и таа најмногу ја следам бидејќи животот е тука и сега!
Автор: Наташа Секуловска
No comments