(Видео) Джена со нов летен хит- Погледнете го „Градът работи за мен“
Джена ја претстави новата песна “Градът работи за мен”. Песната
е исполнета со R’n'B ритам, и со неа пејачката ја продолжи новата музичка
линија која ја започна оваа година со песната „Спри да ми досаждаш“.
Новото парче е дело на македонскиот познат композитор кој
живее во Бугарија Јорданчо Василковски-Оцко, и авторката Мариета Ангелова кои заедно со Джена успеа да ги создадат нејзините најголеми хитови во нејзината кариера.
За да биде новиот
проект на светско ниво, пејачката заедно
со режисерот избраа да се дополни музичкото чувство на песната со ефектен спот
во стилот на филмот "Брзи и бесни", за кој пред извесно време самата
пејачка изјави дека и оставил стилен впечаток и дека носи силна порака.
Автор:Наташа Секуловска
No comments