(Видео) Емилија ја претстави својата прва поп-фолк песна за 2015 година. Погледнете ја „Ето ме“
Емилија после шест месеци своите фанови ги израдува со чисто
нова песна „Ето ме“, а инаку на наградите на Планета Тв во фебруари ја
претстави во своја верзија песната
„Втори дубъл“ која е инаку на
нејзината колешка Вероника.
Новото летно и
динамично парче е по музика
и аранжман на македонскиот композитор Јорданчо Василковски- Оцко, текст на Анастасија Мавродиева, а како режисер на видеото се потпишува
Николај
Скерлев. Пред извесно време Емилија за нас во интервјутото што ексклузивно ни
го даде сподели дека подготвува песна на Оцко:
Во нашата работа промените стануваат од денес за утре, па
не можам да бидам поконкретна, но сакам да ги пуштам овие две песни: на Оцко и
" Втори дубъл". Потоа не знам каде ќе ме одведе лудилото на
уметноста, бидејќи тоа е нормално за уметноста. Не знам со каква желба ќе се
разбудам утре и што ќе ми текне, итн. Понекогаш сето тоа е многу спонтано...
Она што особено ги воодушеви нејзините фанови е тоа што
во песната пее и на француски јазик, а дали и вас ви се допаѓа ќе научиме од вашите коментари.
Автор: Наташа Секуловска
No comments