Емануела се раздели со музичката компанија Ara Music
Овие денови се почесто низ интеренет пространството можат
да се прочитаат секакви статии за разделбата на Емануела со нејзиниот музички
продуцент Виктор Касамов.
Поради тоа пејачката во интервју за еден бугарски сајт
Signal.bg потврди дека се разделува со Ara Music и објасни кои се причините кои
доведоа до оваа одлука и тоа пред неколку месеци пред истекот на нејзиниот
договор со компанијата со која ја започна нејзината кариера и стана позната.
"Се надевам дека се ќе биде на најдобар интелегентен
начин и да немаме расправии. Не се потребни скандали на никого ",
вели таа.
Исто така нејзините колешки Ивена и Джина Стоева си
заминаа од таа компанија пред еден месец, а за причина ја истакнаа нивната
колешка Алисија. Дали сега Емануела сама ќе се продуцира или пак ќе оди во
најголемата бугарска музичка компанија „Пајнер“ останува само да видиме.
No comments