Глорија со нов албум на нејзиниот роденден
“Пясъчни кули” е насловот на новиот музички албум кој
бугарската пејачка Глорија ќе го пушти во продажба на 28 јуни. Тој ќе содржи 12
песни, од кои девет се песни кои таа ги има претставено на публиката во
последните години, а другите се чисто нови кои ќе ја доживеат својата
премиерата точно на нејзиниот роденден.
Паралено со работата околу албумот, Глорија го подготвува
и својот јубилејен концерт по повод 20 години на музилката сцена, која ќе се
одржи на 30 септември во Софија. Билетите се пуштени во продажба и можат да се
купат во НДК, како и преку сајтот www.ticketportal.bg.
Автор: Наташа Секуловска
No comments