Header Ads

Џесика го прослави роденденот на плажа во перфектна форма

Џесика Палашоска  го прослави својот роденден на 6 јуни. Пејачката избра да прослави со пријателки во хотел„Aegean spa resort“ од 5 ѕвезди, избирајќи  ја за дестинација нашата јужна сосетка Грција, каде што и во моментов е  на одмор.

Кога ја прашавме какви подароци доби, сподели дека добила најпрвин бројни честитки за својот роденден, како и многу поклони од обожавателите и најблиските пријатели. Но, она што најмногу и оставило впечаток е новиот IPhone 6, за кој сеуште не знаеме од кој го добила овој најубав поклон. А, кога ја прашавме дали ќе ни открие, таа само слатко се насмевна.
Но, исто така споделувајќи слики од одморот на социјалните мрежи со својата прекрасна фигура успеа да ги собере погледите на сите. Како што открива, сето тоа е благодарение на спортувањето и строгиот хранителен режим. 

Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.