Header Ads

Колегите и фановите ја израдуваа Преслава со специјално видео по повод нејзиниот роденден

Денес роденден слави една од најпознатите бугарски пејачки –Преслава, која избра да прослави заедно со пријателите и со нејзините фанови во клубот „Sin Sity” во Софија, каде што има и настап.

Имено, уште од раните утрински часови нејзините најверни обожователи ја опсипаа со подароци, букети од цвеќиња како и со многубројни честитки. Но, специјалното изненадување за неа направија нејзините најблиски колеги и пријатели кои изработија видео во кое ги искажуваат нивните поздрави кон славеничката, а Преслава не ги скри своите емоции и благодарности кон нив велејќи дека овој роденден досега и е најубавиот во целиот нејзин живот.

Estrada World и го честита исто така роденденот и и посакува многу здравје, среќа како и уште многу години успешна кариера.

Автор:Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.