Header Ads

(Видео) Галена и Десислава сексапилни и провокативни во спотот - „В твоите очи“

Долгоочекувана премиера на дуетот на Галена и Десислава стана факт пред неколку часа. Песната се вика „В твоите очи“ и неколку дена претходно на роденденот на пејачката Галена ја доживеа својата премиера пред многубројните гостите, но дури денес се појави во YouTube каналот на Планета ТВ– Planeta Official.

Песната е по музика на композиторот Даниел Ганев, а текстот дело на авторката Мариета Ангелова. Спотот кој предизвика много коментари и  го привлече вниманието на фановите е дело на режисерот Георги Манов, а е сниман надвор од границите на Бугарија.
Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.