Интервју: Јаница „Дојде моето време“
Јаница е една од најсексапилните бугарски пејачки,
позната по хитот „Всичко чуждо пожелаваш“, во интервју за нас искрено споделува многу работи.Во
него ќе откриете доста детали во однос на тоа како се чувствувала кога решила да стани попровокативна во спотовите, како го
поминува слободното време, дали била скептична во врска со успехот на песната
која ја издигна во најбараните пејачки – „Всичко чуждо пожелаваш“.... и уште
многу други информации само ако го прочитате ексклузивното интервју за
македонскиот сајт Estrada World.
Ти си една од најубавите и стилни бугарки. Би ли издала која е тајната на убавината и женското совршенството?
- (се смее) Нема тајна. Јас сум само една жена која се одржува секојдневно со најнормални женски
работи.
Според тебе што ја прави една жена навистина среќна?
– Според мене
една жена е вистински среќна кога се чуствува сакана, кога се чуствува
посакувана, искрено тоа мене ме прави најсреќна.
Колку време ти
одзема од денот за одржувањето на најнормалните женски нешта?
- Не, многу.
Пример, за косата одделувам најмногу време од се.
А , за твојата перфектна фигура?
- Се се одржува со
правилен хранителен режим, убава храна.Исто така можам да ти потврдам
дека пред некое време започнав да јадам така доста поспецијални храни, кои исто
така добро се одразуваат и на внатрешната убавина.
А, спортуваш ли?
– Да, спортувам се разбира од време на време кога имам
можност, не постојано. Така да не сум во фитнес салите по цело време.
Ти си меѓу бугарските изведувачи кои имаат во последно
време постојано настапи. Како ги поминуваш слободните денови?
– Оние малку слободни денови кои ги имам ги поминувам со
пријатели, а понекогаш одам и на
прошетки.
Голем хит стана песната "Всичко чуждо
пожелаваш". Доволна ли си од успехот на песната или очекуваше нешто повеќе?
- Искрено, не очекував таков успех. Инаку кога го правев
тој проект бев малку така скептично настроена, се плашев дека текстот е
поагресивен, после требаше и видеото да биде за песната такво нели, малку хард
и бев малку исплашена како ќе ме примаат моите фанови во таква светлина, но тоа
ми донесе многу голем успех за среќа.
Која е разликата помеѓу тоа да пееш на голема сцена пред
многу луѓе и по клубовите, по дискотеките?
- На големата сцена еуфоријата е поголема. Секој пат кога
ќе излезам на таква сцена, се чуствувам исто како прв пат да излегувам на
неа.Но, пак има одговорност исто како и да пееш на голема сцена и по
клубовите. Инаку сакам да пејам во клубовите бидејќи сум поблиску до луѓето,
меѓу самите нив и така ги чуствувам поблиски, бидејќи на големата сцена има една
поголема дистанца, но како и да е сепак е различно, но она што е исто е тоа
дека се среќаваш со фановите.
Пред неколку недели ја пушти песната "Взимай
задължително", во која се вклучува и твојот колега Константин. Како се
случи токму тој да учествува во неа?
- Го поканив Константин затоа што, тој е многу интересен
како пејач и на сите им е познат по своите шеги и тоа допринесе и песната да
стани со така поинтересен текст, бидејќи и тој си ги вметна неговите фрази во неа.
Од пред неколку месеци почна да бидеш попровокативена во спотовите,
а твоите обожаватели реагираа позитивно на тоа. На што се должи оваа промена?
- Јас сметам дека имам потреба од промена, бидејќи доста
години сум на музичката сцена и не сакав да се променувам, сакав да си бидам
она што сум, инаку сега пак сум си јас, само што сум малку попровокативна. И
навистина луѓето добро ја прифатија таа моја промена.
Мислиш дека од песната "Нито минута" твојата
кариера оди по нагорна линија?
- (се смее) Не знам, не можам точно да преценам. Сите така
кажуваат. Најверојатно сега таков ми е периодот, можеби од таа песна па наваму
изгледам посигурна, поверна на себеси и затоа и работите така се случуваат.
Многу бугарски изведувачи прават копии на македонски и
српски песни. Има ли некоја песна од нив, која многу ти се допаѓа и би сакала
да ја имаш во репертоарот?
- Македонската песна ја сакам многу, како и српската. Инаку
во мојот репертоар имам и една македонска песна на македонски јазик, а што се
однесува до српските песни имам и кавари од нив, бидејќи тие што ми се допаднале сум ги
испеала. Бидејќи кога ќе ми се допадне некоја песна, ги уредувам правата и
можам да си ја имам после тоа.
Има ли македонски изведувач, со кој би сакала да направиш
дует?
- Искрено, не ги познавам толку многу добро македонските
пејачи, нема од каде поблиску да се запознам со нивното творештво.
На какви нови проекти работиш во моментов?
- Во моментов работам на нова песна, но засега нема да
издавам никакви информации околу неа.
Би ли сменила нешто во животот и кариерата, ако можеш да
го вратиш времето?
- Можеби би требало само да бидам поамбициозна, бидејќи не
сум гледала толку многу сериозно на работите, не сум ги разбирала како сега. Човек
има такви периоди, можеби мојот е сега точно.
Кое е најмилото нешто што си слушнала од фановите ти?
- Постојано слушам убави нешта и мили зборови дали по
настапи, или пак ќе ми пишат во фејсбук.И тие ме потикнуваат да продолжам да
работам, да правам убави песни, бидејќи гледам дека луѓето ме сакаат и им се
допаѓам.
Знам дека сакаш да пееш народни песни. Да очекуваат ли
твоите фанови наскоро таква нова песна од тебе?
- Да, песната „Мома Яница“ која ја снимив во празничната
програма на Приказните. Мислам дека на Ѓурѓовден ќе излезе. Народна песна е, со
модерен фолкор би го нарекла јас, инаку
е авторска песна. Многу пријатна за слушање.
Зошто не издадеш фолкорен албум?
- Го имам во план,
но искрено не знам кога точно ќе излезе. Инаку доста фолкорни песни собрав,а ги
нема во моите албуми и мислам да ги соберам во еден таков.
Пред три години излезе твојот поп фолк албум "Нешто
яко ".Оваа година не планирааш да пуштиш нов?
- По принпцип не планирам засега, но може да направам некое
изненадување за моите фанови, никогаш не се знае.
Ти благодарам што беше моја гостинка. Што ќе им посакаш на сите читатели на сајтот Estrada World од Македонија?
Интервју: Наташа Секуловска
No comments