(Интервју) Джена: За неколку дена ќе промовирам два нови музички албуми!
Джена е едно од водечките имиња во музичката индустрија во соседна Бугарија. Нејзиното име веќе десет години е синоним за успешност и талентираност, редејќи албуми и хитови песни, кои оставија своја трага низ времето. Ексклузивно, за нас како македонски медиум, открива детали сврзани околу нејзините најнови музички проекти кои ги подготвува по повод нејзината десет годишнина од музичката кариера.
Здраво Джена. Мило ми е што повторно си моја гостинка.
Пред сѐ, честитки за твојот син Наско.
Како успеа толку брзо после пораѓањет да се вратиш во одличната форма?
Ти благодарам и на тебе за милото однесување кон мене
секој пат. Вие добивте доста популарност и ги поздравувам сите кои ве следат
како медиум. Да, ние се гордееме дека синот ни расте жив и здрав и му
благодариме на Бог дека го имаме. Односно мојата фигура, секогаш има што да се
посака, но се трудам многу и наоѓам време за фитнес и хранителен режим.
Како е да си мајка? Како што го очекуваше ли е?
Да си мајка е најубавото чуство за една жена.
Таткото Наско, како се справува?
Таткото е одличен, а моите ангажмани ми се многу важни и
ме држат во кондиција. Јас многу сакам да пеам.
Имаше ли кај тебе страв, дека ако долго отсуствуваш од
музичката сцена, покасно ќе ти биде потешко да си ги вратиш позициите во топ
листите?
Сум немала загриженост, дали ќе ме заборави некој, затоа
што сите жени сакаат да станат мајки и да имат семејство, а тоа си го бара
своето. Дури одморот ми се одрази добро, иако беше краток J
Песната „Коя“ се претвори во најгледана песна во Бугарија
за само еден ден, кога излезе во мај месец оваа година. Колку време ти одзеде
нејзината подготовка?
Песната „Коя“ беше моето ударно враќање на сцената и се
радувам колку добро парче се направи. Музиката е на Николај Пашев, а текстот на
Анастасија Мавродиева и Росен Димитров. Бидејќи одморот ми влијаеше доста
добро, имав време да ја одберам правилната песна, но и изглед. Ти благодарам за
одличната оценка.
Кога станува збор за дуети, секогаш занеш како да ја
направиш вистинската песна, во точнотто време. Последниот ти е со твојата
колешка Преслава и тоа дуетот „Тук жена му пази“, кој излезе ова лето и за
многу кратко време започна да ги освојува сите музички топ листи во цела
Бугарија. Како стигнавте до идејата за дует?
Дует посакуваме многу одамна, но изборот на партнер ми беше
тежок низ годините и почекував. И предложив на Преслава, таа се мотивира да
измислиме брзо која ќе биди песната. Таа ја предложи, а јас давав идеи за
рефренот. Се направи одлична песна и сметам дека ги израдувавме обожователите.
После долго време, повторно ни предложи песна од
македонскиот композитор Оцко. Судејќи по твоите хитови, кои те претворија во
една од најбараните пејачки, започнуват со „Да“..., да очекуавме ли дека и ова
песна „Да ти бъда корона“, ќе ја продолжи традицијата?
Да работам со Оцко
за мене е задоволство секој пат, а новото ни парче е малку поразлично од „Коя“
и дуетот. Има силен звук и се надевам
дека ќе им се допадне.
Што е најважно за тебе кога избираш една нова музика или
текст за идниот проект?
Ако ти кажам што е важно за мене, значи да споделам како
ги правам песните и држам до тоа да си остане тајна :) Сега сум во очекување
на моите два нови албуми, а за догодина, ќе запазам се во тајна. Ќе дознаете.
Во 2014 година, излезе
твојот последен музички попфолк албум „Моли се да не почна“. Подготвуваш ли нов
во моментов? Имаш ли идеја, каков наслов би имал истиот?
Во однос на албумите, попфолк албумот ќе се вика „Да ти
бъда корона“, а народниот албум го носи
насловот „Срещна ни хорото“.
Во декември минатата година ни ја претстави музичката
народна програма „Да разместим пъзела” заедно со орекестар „Канарите“, во која
гледачите можеа да видат пет нови мелодии - ”Всичко на света е любовта”, “Мома
шопкиня”, “По пътища да скитам”, “Бяла Калина” и “Румена мома”. Дали тие песни
ќе бидат дел од тој албум?
Да, тие песни ќе учествуваат во албумот, плус две чисто
нови песни.
Дали истиот ќе биде само CD или пак ќе биде придружен и
со DVD?
Не сум размислувала за DVD, но CD ќе има.
Твојата музичка кариера ја одбележаа неколку балади, кои
оставија силен впечаток помеѓу публиката. Да очекуваме ли оваа зима, една таква
песна од тебе?
Што се однесува до балада, засега не сум пронашла таква
која ќе ме заинтересира.
Во странство си една од најпосакуваните пејачки, посебно
во Велика Британија и Белгија, каде што пред неколку дена изнесе свои концерти.
Кои песни, освен твоите, се најбарани помеѓу бугарите таму?
Во странство, настапите се потешки отколку во
Бугарија, затоа што таму се пеат повеќе песни во различен стил, но и тоа си има
своја убава страна.
Низ социјалните мрежи од страна на македонските фанови,
постојано се коментира дека ако решите да направите еден дует, можеби и народен
со твојата колешка Елена Велевска, воопшто нема да згрешите. Има ли можност
понатаму да ја остварите таа идеја?
Сигурна сум дека Елена е многу сакана во Македонија. Со
неа се запознав минатата година и е многу добра како човек и како изведувач. И
посакувам многу успех во кариерата и на бугарската земја, а за дует не сме
разговарале.
Која е твојата порака кон македонските читатели, кои
нестрпливо те очекуваат да дојдеш во Македонија?
На сите во Македонија им посакувам весели празници и да
бидете живи и здрави. Ве сакам и ќе се радувам некој ден да пеам за вас.
Интервју: Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments