Ексклузивно: Првиот народен албум на Джена - “Срещна ни хорото” пуштен во продажба
На музичкиот пазар вчера
се појави првиот долгочекуван народен албум на пејачката Джена во соработка со
познатиот оркестар „Канарите“, кој е
подарок за нејзините обожователи по повод десетгодишната од нејзината музичка кариера.
Тој го носи насловот “Срещна
ни хорото”, во кој таа се јавува на неки од песните и како композитор и
текстописец. Овој албум со неговите 13 мелодии кои се дел од големиот музички
фонд на познатиот оркестар, е само еден мал доказ за големата љубовна историја
на Джена и нејзиниот сопруг Атанас Стоев, кои се сретнаа на големиот концерт “С
песните на Канарите” во центарот на
Стара Загора, во септември 2015 година, со што песните и ората во него, се за да носат
радост на луѓето и да се веселат на нив за време на празниците, славејќи ја
љубовта.
Джена изрази големи благодарности
до нејзиниот свекор – Атанас, кој специјално за неа дел од песните ги направил
со нови аранжмани, споделувајќи дека со овој народен албум си ја остварила својата голема желба во
животот, да направи албум со народни песни кој ќе биди заедно со оркестар „Канарите“, затоа што израснала со нивните
песни.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments