Евергинот „Шушана“ повторно заживеа во изведба на Преслава
Евергинот „Шушана“, кој е вклучен во албумот на
поранешниот југословенски - белгиски прогресивен рок бенд Dah, основан во 1972
година од Златко Манојловиќ, вклучен во нивниот репертоар од 1975 година, додека пак други
ги наоѓаат неговите корените уште во далечната 1967 година, испеана од Оливера
Вуцо, овие денови повторно оживеа во изведба на познатите бугарски пејачи, меѓу
кои и на Преслава и Джена.
Љупобитно е да се забележи дека песната, стана повторно
хит меѓу социјалните мрежи, откако Наско Мента ја пушти ова лето и заедно со Милко Калајджиев ја исполнија пред неколку дена на големиот концерт на телевизија „Планета“ во Пловдив, а Преслава и даде нов стил на своите настапи, пеејќи ја во еден глас со своите фанови, истовремено бележејќи над 2.000.000 прегледи во
YouTube за само неколку дена. Во нашата земја, исто така оваа песна се претвори за хит за многу кратко време, која започнаа да ја изведуваат и многу македонски пејачи на нивните настапи, уште еднаш докажувајќи дека за убавата музика, нема граници.
Во прилог, преслушајте го популарниот хит „Шушана“.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Instagram
No comments