(Фото) Анелија со нова „жешка“ фотосесија и награда за најсекси бугарска ѕвезда за 2017 година!
Бугарската ѕвезда Анелија, откако оваа година жнееше успеси не само
во соседна Бугарија, но и во Турција и Грција со своите хитови “Дай ми още” и “Кажи ми” (“Pos Tin Ides”), како и самостојната песна “С тебе ми е най”,
овие денови ги воодушеви своите обожователи низ социјалните мрежи со неколку
слики од својата најнова фотосесија. Тие се исклучиво „жешки“, истакнувајќи ја
сексапилната пејачка во типичниот за неа стил, црно - белиот дизајн.
Фотосесијата е дело на
фотографот Теди Грозданов, со кого таа соработува неколку години, а за нејзиниот
прекрасен изглед се погрижија Никола Иванов и Fetish Hair Studio.
Во меѓувреме, Анелија
беше наградена за најсекси бугарска ѕвезда за 2017 година, а исто така, публиката
ќе има можност да ја гледа идната година покрај на „Планета ТВ“ и на позната
национална бугарска телевизија, затоа што покрај многубројните ангажмани и
патувања, ја прифати поканата да се снима во серија.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Теди Грозданов
No comments