Елена Велевска докажа дека е „Прва во се“
Елена Велевска на 18-то издание на Фолк фест “Роса” кој
се одржа на 30 ноември, ја промовираше својата најнова песна „Прва во се“, која
е авторско дело на Љупче Василев кој ги направи музиката и текстот, а за
аражманот беше задолжен Артан Кастрати,музичар кој е задолжен за најголемите
хитови на македонските пејачки.
За својот настап на фестивалот, Велевска слета со приватен авион од Софија, поради тоа што имаше свои настапи во соседна Бугарија, но и беше
дел од 16-тиот роденденски концерт на телевизија “Планета” кој се одржа во
Пловдив со салата „Колодрума“, каде што заедно со нејзиниот колега Борис Дали го
претставија нивниот дует „Ще си моя“.
Елена за да стигне на време во Скопје, продукцијата
која стои зад неа и обезбеди приватен лет. Реакциите за песната се повеќе од позитивни, повторно докажувајќи дека ги поместува границите со својата музика и секогаш предложува нешто ново. Истовремено, македонската попфолк пејачка, не застанува
со своите многубројни ангажмани, па денес има свој настап во Маниса, Турција, а
вооедно со тоа пред неколку дена заедно со групата „Чардак“ снимија новогодишна
програма составена од стари македонски песни во нивна изведба, која ќе се
појави за новогодишните празници по ИН ТВ.
Автор - Наташа Секуловска
No comments