(Видео) Зимска приказна со жешки сцени во новиот спот “Тук и сега“ на Марија!
Денес (4.12) телевизија „Планета“ прославува 16 години од
своето основање. По тој повод нејзиниот тим, подготви многу изненадувања за
своите најверни обожователи, промовирајќи во текот на оваа седмица нови
видеоспотови, како овој викенд најавија дека премиерно ќе го емитуваат
грандиозниот концерт од 28 ноември, одржан во градот Пловдив по “Планета Тв“.
Марија е првата ѕвезда на „ПланетаТВ“, која денес го
претстави својот нов видеоспот, кој е кон песната „Тук и сега“.
Видеото кое е
дело на режисерот Станислав Христов е во храмонија со сезоната – во него ќе уживате
во прекрасни кадри од снег, но и многу сексапил, затоа што бугарската пејачка
како и секогаш умерено знае да ги поврзи жешките сцени со секси, заводлив изглед,
кои се нејзина запазена марка долги години.
Песната „Тук и сега“ е по музика на композиторот Даниел
Ганев, додека пак текстот го напиша Петја Радева. Потсетуваме дека пејачката,
подготува и две нови песни од нејзиниот колега
Криско, кои ќе излезат наредната година.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments