Header Ads

Целосно непрепознатлива: Уникатната Сања Ристеска со нов имиџ во спотот „Ќе те полудам“!


Нашата позната фолк пејачка Сања Ристеска, реши да ги израдува своите обожователи со нов видеоспот, кој е кон песната „Ќе те полудам“.

Во него сексапилната пејачка ќе се појави во нова светлина, целосно непрепознатлива и уникатна како и секогаш. Имено, Сања се одлучи да направи голема промена на својот изглед за потребите на новиот видеоспот, за кој се довери целосно на познатиот  стилист Алек Палада, добивајќи позитивни коментари од обожователите за ваквиот смел чекор.

Новата песна е по музика и текст на  Гоце Костоски - Пејак, додека пак спотот кој се очекува да се појави за неколку дена, е дело на продукцијата ИН ТВ, со кои таа соработуваше и овој пат.

„Станува збор за модерна песна, која се надевам дека публиката ќе ја прифати одлично.  Спотот се снимаше најпрвин во новото студио на ИН ТВ, а потоа и низ Охрид. Нормално, како и секој еден спот, беше доста напорно, но се надевам дека крајот ќе го краси делото“.-истакна Сања за нас.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Ване Петкоски (ИН ТВ) 

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.