Елена Велевска го израдува семејството со патување за Нова година
Нашата најпозната фолк пејачка Елена Велевска оваа година
реши да не настапува за Нова година, а своето семејство да го однеси на
патување низ Европа.
Имено таа пред неколку дена со сопругот Маријан ја
прославија десетгодишнината од нивниот брак, а со оглед на тоа што семејството
е најважното нешто во животот на еден човек, таа реши да не настапува на
најлудата ноќ, затоа што оваа година имаше многубројни гостувања надвор од
Македонија, но и во соседна Бугарија каде што настапува за позната музичка куќа
„Пајнер“, со што сега е вистинскиот момент да ги израдува своите најблиски со незаборавно патување, но пред се со нејзиното присуство за време на празниците.
„Изминатава година,како и предходните години речиси и да
немав слободен ден. Колку и јас да се трудев семејството трпеше и баш поради
тоа решив да не прифатам ниту една понуда за новогодишната ноќ и максимално да
се посветам на семејството “. – сподели Елена
за нас.
Истовремено, за време на празниците публиката ќе ужива во
промоцијата на нејзината нова песна „Прва во се“ со која настапи на Роса
фестивалот, но и во прекрасната музичка програма која ја сними со ИН ТВ, додека пак по Планета Тв во Бугарија фановите ќе уживаат во нејзините песни и настапот на спектакуларниот концерт во Пловдив оваа година. Ексклузивно за нас, откри дека подготува многубројни изненадувања за своите фанови идната година, а што точно ни има подготвено останува да видиме, но со сигурност ќе биде нешто спектакуларно со што повторно ќе ги освојува музичките топ листи.
Автор - Наташа Секуловска
No comments