Header Ads

(Видео) Румина со мала доза провокација во „Не си за мен“!

Румина направи поголема пауза во својата музичка кариера за да се оддаде целосно на мајчинството, со што таа е категорична дека ваквата долга пауза дејствува позитивно на еден уметник и му дава сосема нова перспектива кон музиката и музичкиот бизнис во целина, овозможувајќи му да ги согледа нештата пореално.

"Мајчинството е најубавото нешто што ми се случило. Сцената сепак ми недостигаше. Решив дека откако Мајкл потпорасна можам да почнам повторно да се занимавам со работа што сакам. Среќна сум што повторно сум дел од семејството на Ара Мјузик. Реално ние никогаш не не се разделивме, но сега можам да работам и да ги радувам фановите со нови проекти. Најдоброто нешто е тоа што и досега, пред да објавиме дека се враќам на сцената, моите фанови не ме заборавиле. Дури напротив - секојдневно добивам пораки од нив во официјалната страница на Фејсбук. Ова враќање е и за нив! "- сподели Румина за нас.


Пејачката избира за првото парче „Не си за мен'’ по мајчинството да работи со композиторот Мартин Биолчев и поетесата Мариета Ангелова, а за видеото се довери на режисерот Николај Скерлев. 

Автор - Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.