Header Ads

(Фото) Бугарската ѕвезда - Глорија најави нов музички проект!

Бугарската ѕвезда Глорија предизвика интерес кај многубројните обожователи и посочи за нов видеоспот, откако на социјалната мрежа Instagram сподели кадар, каде што позира во рамките на мистериозна атмосфера.

Во моментов таа не открива за што станува збор, но судејќи и според  споделените кадри од музичкото студио заедно со композиторот Калин Димитров, посочуваат дека Глорија е готова со ново музичко предложение, кое после хитот „Докосването има памет“ се очекува да излезе наскоро, а можеби и на роденденот на ѕвездата на музичката продуцентска куќа „Пајнер“ на 28 јуни.

Во меѓувреме Глорија и нејзината ќерка која до неодамна учествуваше во „Гласот на Бугарија“ - Симона Загорова реализираа низа заеднички концертни настапи низ цела Бугарија, кои беа проследени со голем интерес, а концертите продолжуваат и понатаму.


Автор - Наташа Секуловска
Фото - Глорија

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.