(Видео) Анелија и Кириакос Георгиу со жешка љубовна историја за песната „Кажи ми“!
После неверојатниот
успех на песната „Дай ми още“ која цели шест месеци ги држеше
лидерските позиции во музичките топ листи низ цела Бугарија и Турција со турската верзија „Unutamam“, бугарската
ѕвезда на „Планета Тв“ – Анелија ги изненади фановите со ново музичко парче кое
го снимаше во Грција.
Таа и нејзиниот колега од нашиот јужен сосед Кириакос
Георгиу, формираа нов дует и ги
израдуваа фановите со темпераментно, динамично, летно, музичко парче во две верзии - на бугарски и грчки
јазик, со наслови „Кажи ми“ и "Pos
Tin Ides", кое пак од страна на публиката веднаш беше високо оценето, со
што за само еден ден има над 260.000 прегледи во официјалниот канал на
телевизија Планета во YouTube – PlanetaOfficial.
Композицијата е дело на композиторот Даниел Ганев со која
Анелија соработува во последно време, а двата текста се напишани од страна на
Петја Радева и Тханасис Гаравелас. Како
што пренесуваат од „Планета
Тв“, за видеореализацијата на песната нејзиниот тим од Бугарија на чело со режисерот Георги
Марков отпатуваа за туристичка населба Вурвуру, сместена на полуостровот
Ситонија во Грција.
Автор - Наташа Секуловска
No comments