Алисија после седум години, подготвува нов музички албум!
Откако пред седум години излезе последниот музички албум
на бугарската пејачка Алисија, таа е готова со нов, кој треба да излези оваа
година.
"Овој албум требаше да излезе уште пред 2-3 години. Се
одолговлекува, бидејќи се пуштам нови и нови песни и сакам да ја вклучувам и
оваа, и другата ... Можеби веќе се собрале 20 песни. Се работи во таа насока и
се надевам до неколку месеци албумот да е факт. Треба да запишам уште една песна, барем да имам една нова во
него. Тој ќе биде направен со чиста колекционерска цел - место во кое ќе бидат
собрани сите мои песни во последните неколку години "- раскажа хит
изведувачка на „АраМјуик“ во " Отворен микрофон " на Signal.bg.
Во моментов, нејзиниот најнов хит „Добре ти беше“ се радува
на одличен прием кај публиката, со што има регистрирано над 5.000.000 прегледи
за само два месеци. Дали таа подготвува нешто ново за летото, ќе дознеме
наскоро.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Ara Music
No comments